Бев за телефонот викаат дека е мешаничко оштетување а не е паднат... на на листата што ми ја дадоа кога го оставив на сервис пишаа дека нема мешанички оштетувања(го гледаа телефонот дали е изгребан или удрен) така да прво приговор па после тоа приватна тужба
Сервисот е мобико, денес треба адвокатката приговор да прати па ке видиме како ке се одвива.Ке пишувам во темава што како ке биде како ке се одвива постапката за во случај на некој да не му притреба(не дај боже ).Да беше телефон од 10.000 воопште немаше да се замарам ама за телефон купен 36,000 и ете како ке се малтретирам преку судови
Баш вчера ми вика адвокатката демек ваков случај не бил прв ги имала над 20 и скоро сите ги добиле бидејки кај мене на едниот лист пишува дека нема мешанички оштетување по телефонот(кога го гледааа телефонот пред да го задржат на сервис) а на другиот лист пишува дека има.
абе те читам цело време и потојано збориш и повторуваш за меШанички оштетувања... какви се тие оштетувања? ај еднаш ке речам грешка ама 3-4 пати више така пишуваш, значи има нов термин... дај објасни ми, а сигурен сум дека и друг се заинтересирани....
а и секако.. апдејтирај со податоци што и како се дешава...
јас на пример сум многу задоволен од мобико сервисот, и не сум имал до сега непријатности...ддека со видео дата на пример, ми доаѓало до точка на вриење кога требало кај нив да се обратам во гарантен рок... автоматски сега кога купувам што и да е, прашувам кој е овластен сервис.. ако речат видео дата, НЕ МЕ ТЕРАШ НИКАКО да го купам тој продукт.. а со мобико како што реков, 5-6 пати и секогаш било коректно од нивна страна.. ме чудиш сега со ова, али како што сме банана држава, не ме чуди да се сменила политиката и кај нив...