Точно е, прво ти стига порака дека бесплатно учествуваш во некоја наградна игра само врати на пораката и ако вратиш ти стига порака дека секој нареден ден ке ти наплаќаат 35 денари (ама тој ден е бесплатен) и не ти кажува дали и како да го исклучиш. Фино-лепо се јавуваш кај оператор и тогаш ти кажуваат дека мораш да пратиш порака стоп за да те искључат. Мислам дека за ова треба да ги казнат. И тоа дебело да ги казнат.
Значи, НЕ е точно...
Кога ми ја испратија првата порака, дали сакаш БЕСПЛАТНО да учествуваш во наградната игра, вратив со ДА или што и да требаше да се врати за да влезеш во играта...
Сега, секој ден ми праќаат пораки, со прашања, арно ама, не враќам на прашањата, т.е не одговарам на истите...
Досега ми немаат ни денар симнато од сметка, пред 2 минути ја проверив...
Ова од твитеров се исфрустрирани фаци, кои не ја прочитале пораката која сигурно им стигнала, дека првиот ден им е бесплатен, а потоа за секое одговарање на прашање си зима 35 денари, па сега пробуваат да креираат негативен публицитет околу сето ова...
Е точно е!
Еве ги пораките...
На ова ја одговарам со ДА чисто од радозналост и си викаш ем ништо не кошта дури и за радознали и они ми враќаат:
На оваа порака јасно пишува дека после 3 дена почнува наплата од 35 денари ДНЕВНА ПРЕТПЛАТА!!! Значи не се наплаќа по порака се наплаќа по ден, па ти дали си праќал или не сеедно...
И прибидејки прашањата ми се видоа тешки (и покрај тоа што смс-ите се бесплатни)
...си се јавив во контакт центер и ми рекоа да пратам порака СТОП на истиот број. Јас само прашав зашто во ниедна порака не пишува како може да се прекине играта туку мора да се јавувам, девојчето од другата страна на линијата ми рече: Епа нема, еве цел ден се јавуваат... и така си се откажав
Еве како доказ (девојка ми исто пратила ДА, али ништо понатака) дека наплаќаат секој ден по 35 денари т.е. ~30 ден плус ДДВ. Само незнам зашто на 23ти нема, ваљда заглавил системот нешто.
Е кај тука лажам јас???
П.С. Подоброо јави се и откажи ја играта, мислам дека не ги даваа овие во сумата за тековен месец, само на крај на сметка. Или провери си ја септемвриската...