Автор Тема: Мобилни Оператори  (Прочитано 323054 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #255 на: 10 Септември 2013, 01:09:21 am »
Не сум се ни обидел, сум немал со кого, т.е. немале таква опција ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #256 на: 10 Септември 2013, 01:24:26 am »
Јас сум пробувал и секогаш ми вика unable to make video call...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #257 на: 10 Септември 2013, 09:07:49 am »
ONE у задно време се малце тиња. Паѓа мрежа чисто онака, ретко кога има 3G, и понекогаш се слуша ехо во слушалката т.е. се слушам самиот што зборам, со некое мало закаснување.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #258 на: 10 Септември 2013, 09:29:02 am »
^ Дали си сигурен дека гласот што го слушаш е твојот и дека е до Оне? Да не се повеќе гласови? Да не можеби станува збор за блага шизофренија??? :D :D :D

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #259 на: 10 Септември 2013, 09:38:40 am »
Еј!!

Јас, јас и другиве двајца шо ме гледаат у огледало никогаш не сме имале проблем со двојна линија!!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #260 на: 10 Септември 2013, 10:07:34 am »
ОНе e проблематична мрежата, и е на трето место после вип.

што тресна па преживеа...

ај да немам броеви од сите оператори ај да ти поверувам...

по класификација на квалитет на мрежа и прием иде редоследно вака:
-т.мобиле
-оне
-вип

вип само во скопје ја средија мрежата и имаат свои предаватели... секаде низ мк користат предаватели на т.моб а овие квалитетно ги клецаат во мозок со тоа што има ги успоруваат преносите и нтрансферот на податоци. тоа е поради ресурсите свои на предавател кои на прво место ги тураат своите корисници па што остане (ако остане) на вип даваат...

од т-мобиле имам 1 припејд број, чисто ради реда... од оне имам 2 постпејд броја и од вип имам 2 поспејд+3 припејд  броја... со мене имам по еден од сите 3 цело време, а јас богами се движам низ државава и знам кој колку фаќа... мрдни од скопје малку и випот можеѓ слободно да го заборавиш... неможеш да добиеш, неможат да те добијат... стално покажува фул мрежа а уствари прием 0... оне по ретко се дешава да си недостапен, во принцип на повисоки места и кањони знае да има мали сметњи во тек на разговор но начелно си работи и лидерот е т-мобиле кој секаде има прием... ама буквално секаде... само заради начинот на кој работат и функционираат јас кај нив не идам никад више... тоа се мои лични убедувања...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #261 на: 10 Септември 2013, 10:12:44 am »
Онак,во последно време Оне и тоа како има проблеми со мрежата.Во Битола се дешава да се прекинуваат разговори,да не можеш да се разбереш со ‘противникот‘ и сл.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #262 на: 10 Септември 2013, 10:29:45 am »
Очекувано во процесот дигитализација на ТВ каналите да има малку бамп и по другите делови на компанијата.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #263 на: 10 Септември 2013, 10:37:57 am »
Вип не користи предаватели од т-мобиле веќе подолго време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #264 на: 11 Септември 2013, 00:23:12 am »
Вип не користи предаватели од т-мобиле веќе подолго време


а инфово го имаш од каде?

затоа што пред 3-4 дена коментарот на една од вработените на вип, кога се пожалив за лошиот прием во одредено место надвор од ск беше: е па тоа е тоа, кога не користиш свои предаватели, кој како стигне ке те зеза...

а колку што знам, во мк ако вип немаат остануваат оне и т-шит... оне во моментов предавателите им се максимално употребени за свои потреби, со дигиталната телевизија и колку што сум информиран,имаат доволно ресурси едвај на границите за себе, точно пред да почне проблем да има а не па на други да даваат.. остануваат само т-лопови како опција...

демантирај ме ако грешам со појаснување...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #265 на: 11 Септември 2013, 00:33:13 am »
ОНе e проблематична мрежата, и е на трето место после вип.

што тресна па преживеа...

ај да немам броеви од сите оператори ај да ти поверувам...

по класификација на квалитет на мрежа и прием иде редоследно вака:
-т.мобиле
-оне
-вип

вип само во скопје ја средија мрежата и имаат свои предаватели... секаде низ мк користат предаватели на т.моб а овие квалитетно ги клецаат во мозок со тоа што има ги успоруваат преносите и нтрансферот на податоци. тоа е поради ресурсите свои на предавател кои на прво место ги тураат своите корисници па што остане (ако остане) на вип даваат...

од т-мобиле имам 1 припејд број, чисто ради реда... од оне имам 2 постпејд броја и од вип имам 2 поспејд+3 припејд  броја... со мене имам по еден од сите 3 цело време, а јас богами се движам низ државава и знам кој колку фаќа... мрдни од скопје малку и випот можеѓ слободно да го заборавиш... неможеш да добиеш, неможат да те добијат... стално покажува фул мрежа а уствари прием 0... оне по ретко се дешава да си недостапен, во принцип на повисоки места и кањони знае да има мали сметњи во тек на разговор но начелно си работи и лидерот е т-мобиле кој секаде има прием... ама буквално секаде... само заради начинот на кој работат и функционираат јас кај нив не идам никад више... тоа се мои лични убедувања...

Прво оne не користам, второ не е од ракав кажано туку оваа информација е од Аек.
Порано беа Вип, сега се Оне од нив има највеќе поплаки, жалби.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #266 на: 11 Септември 2013, 00:53:35 am »
Вип не користи предаватели од т-мобиле веќе подолго време


а инфово го имаш од каде?

затоа што пред 3-4 дена коментарот на една од вработените на вип, кога се пожалив за лошиот прием во одредено место надвор од ск беше: е па тоа е тоа, кога не користиш свои предаватели, кој како стигне ке те зеза...

а колку што знам, во мк ако вип немаат остануваат оне и т-шит... оне во моментов предавателите им се максимално употребени за свои потреби, со дигиталната телевизија и колку што сум информиран,имаат доволно ресурси едвај на границите за себе, точно пред да почне проблем да има а не па на други да даваат.. остануваат само т-лопови како опција...

демантирај ме ако грешам со појаснување...

На Оне мрежата е далеку од целосно искористена. Кога ги правеа предавателите и Оне и Т-Мобиле свесно ги правеа појаки предавателите и спремајќи се за преносот на телевизија, 3Г и останато. Исто така и Оне и Т самостојно тешко дека некогаш ќе го искористат капацитетот на сопствените предаватели. Токму и заради таа градба Т-Моб е во состојба да им пружа предавателски услуги на Оне. Информацииве се од прва рака, татко ми го изведуваше снабдувањето за струја на некој од предавателите на Т-Моб и на голем дел од предавателите на Оне.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #267 на: 11 Септември 2013, 01:21:40 am »

На Оне мрежата е далеку од целосно искористена. Кога ги правеа предавателите и Оне и Т-Мобиле свесно ги правеа појаки предавателите и спремајќи се за преносот на телевизија, 3Г и останато. Исто така и Оне и Т самостојно тешко дека некогаш ќе го искористат капацитетот на сопствените предаватели. Токму и заради таа градба Т-Моб е во состојба да им пружа предавателски услуги на Оне. Информацииве се од прва рака, татко ми го изведуваше снабдувањето за струја на некој од предавателите на Т-Моб и на голем дел од предавателите на Оне.
чекај сега.. според твојов текст испадна дека оне користи предаватели на т-моб? да не утна нешто во куцање?

кај мене во комшии е типот што ги местеше прдавателите на т-мобиле од зародиш на фирмата па до ден денешен...

клиент имам што истото го правеше на оне...

од кај сега испадна ова дека оне користи услуги од т-мобиле?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #268 на: 11 Септември 2013, 02:32:58 am »
Изгледа ги помеша работиве.. Т-Мобиле си има свои репетитори, ОНЕ исто така си има свои. ВИП по СК има свои мини базни станици, а по другиве места ги користи предавателите на Т-Мобиле (Почнаа полека да поставуваат свои мини базни станици, ама споро оди). Што е тука нејасно?

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Мобилни Оператори
« Одговори #269 на: 11 Септември 2013, 08:36:52 am »
Саше 91 вели дека Т-ебале може поради големиот капацитет и на другите да им дава услуги. Нормално дека ќе може, бивш државен монопол со ден денес еден дел државна сопственост. А за 1 , очекувано е ресурсите човечки и технички во еден добар дел да ги пренасочиш кон дигиталната телевизија, па да почнат проблеми кај мобилната технологија.