Опаа битолско Свифтче како моето

Со здравје да се вози. Супер градско количе.
Пази само на оштри кривини.

За оваа кола мајстор не ти треба. Јас го имам моето од 2001 купено. Ист мотор, само со 5 врати е. Најди го темата го имам претставено.
Моето што има поминато, јас сум пресреќен што сеуште работи. Се тоа го има поминато без ниту еден дефект. Само редовен сервис.
Сервис кога беше поново му праев во Грција (Лерин). Таму имаше официален сервис и беше поевтин од кај нас и доста поквалитетен.
Сега во последно време дека само татко ми го вози (дрнка) сервис му прави кај што ќе стигни. А делови стално пази да се некој квалитетни.
Ако нешто те интересира конкретно прашувај.
п.с. Гледај да си направиш заштита за отварање на хаубата од надвор. Мене ми го мавнаа акомулаторот така. Па сега му швајцнаја нешто.
