Автор Тема: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)  (Прочитано 5688 пати)

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« на: 05 Февруари 2013, 19:35:53 pm »
Еве да го претставам и јас ова скромно количе кое го имам веке 3 недели :)
Сузукито е со плин/бензин три-цилиндричен мотор 1.0-97 со поминати 140.000км прв сопственик, пред да почнам со било каква помош "сугестија" на форумот би ве замолил да кажете некој коментар плус или пак некоја критика пофалба околу моделот и на што најповеќе треба да се внимава околу одржувањето на овај модел на Suzuki.....

Моментално потребен му е стандарден сервис,моторно масло,ребрасти-клинести кајш е сега предходниот сопственикот користел масло TOTAL 5W-40 Synthetic према тоа добив разни муабети дека тоа масло не е за овај автомобил,моторот бил довоно јаден па немало потреба за масло со толку мала вискозност и слободно може да иде во него 10w-40...
« Последно менување: 04 Април 2013, 19:05:59 pm Suzuka »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #1 на: 05 Февруари 2013, 19:44:10 pm »
Еве да го претставам и јас ова скромно количе кое го имам веке 3 недели :)
Сузукито е со плин/бензин три-цилиндричен мотор 1.0-97 со поминати 140.000км прв сопственик, пред да почнам со било каква помош "сугестија" на форумот би ве замолил да кажете некој коментар плус или пак некоја критика пофалба околу моделот и на што најповеќе треба да се внимава околу одржувањето на овај модел на Suzuki.....

Моментално потребен му е стандарден сервис,моторно масло,ребрасти-клинести кајш е сега предходниот сопственикот користел масло TOTAL 5W-40 Synthetic према тоа добив разни муабети дека тоа масло не е за овај автомобил,моторот бил довоно јаден па немало потреба за масло со толку мала вискозност и слободно може да иде во него 10w-40...

Хаха, абе вози си и трај си, ти коментари бараш. Кешки никој да не коментира зошто ако почне.... :D

Иначе да, на таков мотор подобро е полусинтетско 10-40. Ставај си Тотал, Кастрол, Ликви Моли, Елф и терај си. Тоа моторче ќе врти уште три пати по толку без проблем ако си го одржуваш и респектираш.

Добродојде на форумот биталчанец.

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #2 на: 05 Февруари 2013, 19:56:50 pm »
Ok, добро ве/те најдов :)
Значи тоа што го кажуваш за моторот усно го слушнав од многу лујѓе кој возеле и кој не возеле Suzuki останва уште јас да потврдам :) боже здравје... а за ова со маслото стварно се јавува некаква недоумица човекот ставал TOTAL 5W-40 Synthetic од кога ја имал колата а јас сега треба да му направам промена а нашиве механичари велат АБЕ НЕМА ГАЈЛЕ !!! тури шо сакаш хах,свака му дала,а колку што знам во Бт нема овластен сервис за Сузуки па да ти биди мирна глата околу промена или друго....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #3 на: 05 Февруари 2013, 20:03:22 pm »
Чоекот турал 5-40 зошто некој така му рекол а тој немал врска од темата. Значи ставал синтетско масло тотално непотребно и фрлал пари за џабе. Колата никако не бенефитирала од тоа туку само фрлени пари. Имаме теми за масло можеш да прочиташ да се информираш. Ако те мрзи да читаш едноставно ставај 10-40 полусинтетско и немај гајле. Моторчето ќе си пее.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #4 на: 05 Февруари 2013, 20:06:30 pm »
Секој совет е добредојден, по мое. После само треба да селектираш што ќе прифатиш, по интуиција.

Се согалсувам со Фаланга, тие количиња се премногу едноставни и квалитетни за да влијае маслото на нивната издржливост. 10w40 е сосема доволно.

Мој совет - посети ги веб страниците на повеќето попознати производители на масло, речиси сите имаат советници, само го внесуваш типот на возилото, годината, моторот, и тие сами ти кажуваат кое е најдобро масло за конкретен автомобил/мотор.

Пример: http://www.liqui-moly.com/liquimoly/web.nsf/id/pa_eng_oil_guide.html?OpenDocument&vCMSTemplate=liquimoly

п.с. добредојде, одлично возилце, со здравје да се вози. Имам еднаш возено вакво, за забрзување може вода да му носат многу поскапи и помоќни автомобили.  

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #5 на: 05 Февруари 2013, 20:13:46 pm »
+1 so mile i diesel  ;)
sos sreka neka ti e ke mu se iznavozis...

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #6 на: 05 Февруари 2013, 20:18:52 pm »
Добредојде сограѓанину  :D

Со здравје да се вози количето и долго да те служи  ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #7 на: 05 Февруари 2013, 20:23:46 pm »
Добредојде сограѓанину  :D

Хаха, дали можеш да претпоставиш што сакав да ти реплицирам  (тролам) ;D ?

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #8 на: 05 Февруари 2013, 20:39:37 pm »
Поздрав,фала поубо да се врати,е кога сте тука дај кажете некој мајстор за одржување на овие "по нови" модели во битола, јас возев предходно постаро возило и сега не ми се носи кај истите лујѓе Сузукито,значи немам ништо против нив :):) али сепак појќе ми изгледаат како експерти за Ex-Yu возила,еве сега ребрастиот треба да се замени појма немам кај да го носам,најубо е да одам во Maxima во Скопје али ке ме фати многу солено,знам дискутабилно е кај кој или пак кој е најдобар за тоа,али ете накратко нека биди :) се надевам нема да служи како реклама ако го пофалиш @Rakun4e некој мајстор во Битолата.....
Секој совет е добредојден, по мое. После само треба да селектираш што ќе прифатиш, по интуиција.
Исправно,фала за линкот..

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #9 на: 05 Февруари 2013, 21:06:20 pm »
Мајстор во Битола искрено не знам. Се надевам ке препорача некој осмица8 кога ке прочита и тој има сфифт ;)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #10 на: 05 Февруари 2013, 21:16:21 pm »
не треба мајстор за оваа кола не се расипува :D
за уље и јас викам 10-40,како што вика мече веќе не е толку невина со 140.000 км ;D
со здравје да си го возиш и милион километри да му истераш,а верувам дека ќе истераш зошто ова троши 7 литра бензин градска,плин колку 8 литра? мераци :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #11 на: 05 Февруари 2013, 21:59:19 pm »
Опаа битолско Свифтче како моето
:) :)

Со здравје да се вози. Супер градско количе.
Пази само на оштри кривини.
;D ;D

За оваа кола мајстор не ти треба. Јас го имам моето од 2001 купено. Ист мотор, само со 5 врати е. Најди го темата го имам претставено.
Моето што има поминато, јас сум пресреќен што сеуште работи. Се тоа го има поминато без ниту еден дефект. Само редовен сервис.
Сервис кога беше поново му праев во Грција (Лерин). Таму имаше официален сервис и беше поевтин од кај нас и доста поквалитетен.
Сега во последно време дека само татко ми го вози (дрнка) сервис му прави кај што ќе стигни. А делови стално пази да се некој квалитетни.
Ако нешто те интересира конкретно прашувај.

п.с. Гледај да си направиш заштита за отварање на хаубата од надвор. Мене ми го мавнаа акомулаторот  така. Па сега му швајцнаја нешто.
:)

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #12 на: 05 Февруари 2013, 22:25:03 pm »
Оsmica8 поздрав,то е то од овластен сервис изгледа тешко ке видам ке барам некој локален мајстор барем за каишите,пошто не фрлам јас по госпо со камења па да се погоди да го лњуфни мајсторот ребрастиот во местењето  ;D а за ова со акумулаторот не знаев дека можи лесно да се отвори однапред, али вака гледано од предната страна некако е стварно сумљиво изгледа има некоја финта покрај онаа пластиката се гледа тоа куралцето шо е,баш ке видам што можи да се завари таму...

Бев кај Менде во "plinmont" за плинот,па сега кажува тој дека неможело да се најди оригинален воздушен филтер за овие модели, а на плин под мала туража знае да биди променлив во работата моторот а то е така вели тој од филтерот пошто му има ставено друг филтер и плус некој "бајпаси" за да не прима многу воздух,е сега јас се немам распрашано по продавници дали е стварно така и то е многу сумлњило да нема ориганален филтер  ???
Ми препорачаја да видам за делови во оваа продавницата шо е кај ленски мост "на кај ајчо" од левата страна тие имале оригинал се..

Моето што има поминато, јас сум пресреќен што сеуште работи.
хаха, ај ке побарам сега баш сакам да го ѕирнам на слика.....

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #13 на: 06 Февруари 2013, 08:50:43 am »
За делови оди кај ветеринарното. То шо е по скали нагоре за делови.
Таму има шо сакаш за свифт. По број на шасија бара чоекот и се има оргинал и квалитетни делови. Мислам дека само од таму земаме ние.
А за свифт чоек го имаш Ќамчо. Тој цел живот со свифтови се расправа, ако ти треба нешто специфично.
Јас ќе бидам во Битола овај викенд, ако сакаш можиш да го разгледаш моето. 
;)

Отсутен Suzuka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Suzuki Swift 1.0 GLS (1997)
« Одговори #14 на: 06 Февруари 2013, 19:27:08 pm »
@Osmica8 :) ај ке видам ке поминам таму и за каишот, а за овај Ќамчо прв пат слушам али ке се распрашам,убо е да се знај кој се расправа со делови за Сузуки,за секој случај..

не треба мајстор за оваа кола не се расипува :D
за уље и јас викам 10-40,како што вика мече веќе не е толку невина со 140.000 км ;D
со здравје да си го возиш и милион километри да му истераш,а верувам дека ќе истераш зошто ова троши 7 литра бензин градска,плин колку 8 литра? мераци :)
Да те слушни горниот @Smichka  :) :)
За потрошњата уште неможам точно да утврдам колку е али не би требало да биде над 9/10  ??? али ке видиме по онај старт што го има ај да не речам враце не се држи  ;D ;D тука ке биди и потрошњата,предходно возев постара кола и сега малку ми е интересно да притиснам појќе  ;D....