Diesel го нема нешто, а знаеше да направи добар зафат на Астрата.
Дизел го нема доолго време. А знаеше да напише доста ицрпни постови и се тоа фино да го документира у неговата тема.
Тука сум, читуцкам чат-пат. Благодарност за поштовањето.
Прво и основно - немам време, многу работи ми се издесија во последните 5-6 месеци. Убави, не се секирајте - положив правосуден, гот енгејџд, старо-ново работно место со нешто повисочка плата - а со тоа и повеќе р`мбање, нов дом ин прогрес, и то.
Друго и друго, атмосферата на форумов ми беше малку напета во последно време, многу нетрпеливост, кошкање, вреѓање.. Ми дојде малку од повеќе, па паузата ми беше добредојдена.
Не обеќам редовност како порано - стварно немам време, ама тука ќе бидам, тоа обеќам.