Автор Тема: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv  (Прочитано 17613 пати)

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #60 на: 23 Септември 2012, 21:08:09 pm »
Ма се е во ред и фабричко,единствено нова BOSH ламбда сонда,нови фелни и гуми,комплет дискови и плочки на сите 4 тркала и тоа утлра квалитетни Ate original германски,имав среќа да еден другар директно од фабрика ми ги донесе од Франкфурт,имаат продавница пред фабрика,бомбите се сите заменети со оригинал француски,сам ја одржувам хидрауликата,освен проверката на азотот во бомбите,го вршам кај еден пријател кој има апарат за полнење и проверка,а старите бомби ги полнев во Скопје,но дополнети и нови.не е исто,покомотни се новите,бидеќи и мембраните во бомбите се поеластични,климата сервисирана и наполнета со нов фреон,денес тестирана Прилеп-Битола,мах 195км/н,неможев повеќе имаше доста сообраќај.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #61 на: 23 Септември 2012, 21:19:13 pm »
Перфекција е колата, само бандажов некако не е за неа...
знам имаме разговарано на таа тема досега на форумов,се запнав да ги заменам,но имаат поминато само 3000км,и гумите и бандажите,убави се,квалитетни и лакирани,лесни се за одржување,само вода и шампон и се спаѓа од нив,алуминиумските бараат и средства за чистење,се таложат на нив многу црнила од кочниците,барав и дистанцери ,ама тешко се најдуваат добри,чекам на sase07 да ми најде,а за шољите,да,се случува тоа само на модели до ‘98година,потоа тоа е решено,треба навреме да се проверуваат да не има напукнувања,ако има ,одма треба да се променат,имам и јас видено со избиени шољи и пробиени хауби,тоа им е маан на постарите модели,со хидрауликата има зезанции ако не се одржува правилно,а тоа е многу лесно,редовно контролирање на притисокот на бомбите,чистење на филтерот за хидрауличната течност која е посебна и се вика LHM на Total брендот,редовно правење ’’склекови’’,си полугата за висина,горе доле,за истерување на воздухот од хидрауличниот систем и тоа е тоа :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #62 на: 23 Септември 2012, 21:25:48 pm »
Извини што ти ја гушам темава само на кратко колку кошта Фрабер за пред перење шампонот?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #63 на: 23 Септември 2012, 21:42:50 pm »
Извини што ти ја гушам темава само на кратко колку кошта Фрабер за пред перење шампонот?
1900ден.10кг концентрат,но тој се користи само за пред перење во концентрација од 50мл на 2л вода дестилирана,може и обицна од чешма,но пожелно е дестилирана.

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #64 на: 24 Септември 2012, 01:56:21 am »
Од каде ги зема бомбите,ако не е тајна по која цена ???
Не возам брзо, ниско летам.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #65 на: 24 Септември 2012, 02:31:23 am »
Ај познај дека е ~ 20 години стара колата  ;) И според мене е топ, ништо не му фали.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #66 на: 24 Септември 2012, 11:54:37 am »
Од каде ги зема бомбите,ако не е тајна по која цена ???
бомбите ги земав од кај нас Cilaz,имаш и I.F.A.S. заменски,и оригинал француски,мора да бидат по каталог исит,т.е. дамперите на нив да бидат по фабрички каталог,ако се погреши колата ќе биде или премногу тврда или премногу мека,кај мене е хидрактив со 7 бомби,и малку е специфична од останатите,има дополнително уште две кугли кои се грижат за уште поголем комодитет а во исто време и поголема безбедност во кривини кои автоматски се исклучуваат при нагло кочење и кривина,со што худрауликата преминува во тврд мод,тоа се милисекунди и не влијаат на внатрешноста на комфорот,при поголема брзина од 120 км ,автомобилот има сензори кои ја спуштаат колата за неколку цм,тоа зависи од брзината на движење,колку повеќе се движи возилото толклу повеќе воланот станува покрут и возилото е поспуштено а кочницата поостлива,во случај да посакам да го сменам комфорното возење во потврдо ,го притискам кочето за менување на позицијата во тврд мод,тогаш автомобилот станува поосетлив на кочење и воланот побрзо реагира,а кривините ги голта со леснотија,при тоа не одзема драстично од комфорот во кабината.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #67 на: 24 Септември 2012, 13:53:47 pm »

Само 18 000  :D :D Се зезам  ;) Колку има пројдено?
BTW: Фантастична кола!

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #68 на: 24 Септември 2012, 15:04:42 pm »
има поминато само 185000км
...

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #69 на: 24 Септември 2012, 18:49:18 pm »
Фала на одговорот.

Инаку и мојата е со 7 бомби (имам ХМ),бев денес до Цилаз,прашав дали имаат како за мојата и ми рекоа дека сега само што добиле пратка и дека имаат на лагер.
2500 ден. бомба.
Не возам брзо, ниско летам.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #70 на: 24 Септември 2012, 23:43:32 pm »
Фала на одговорот.

Инаку и мојата е со 7 бомби (имам ХМ),бев денес до Цилаз,прашав дали имаат како за мојата и ми рекоа дека сега само што добиле пратка и дека имаат на лагер.
2500 ден. бомба.
да секој ХМ е хидрактив,но и твојот нема anti sink бомба против пропаѓање,сигурно се 2500денари I.F,H,S бомбите,јас само предната хидрактив ја земав 100евра,останатите 65евра една.Но повеќе не ги носат Cilaz тие,скапи се и никој не ги купува,само будали како мене :).но еве 5 години од кога се заменети и како сега да се ставени.

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #71 на: 25 Септември 2012, 19:07:54 pm »
Како да го видам дали има Анти Синк Бомба ??? Отидов во Цилаз, им ја дадов сообраќајната гледаа 15 мин. во комп. и ми кажаа дека ги имаат на лагер и дека се 2500 ден.Да таа марка се што ја пиша.Тој ми рече дека се на се има 7 бомби, не сум ги броел. ;D :D :D :D

Инаку за пари не е проблем,само сакам квалитет,а не после епа тоа е, ги плати 4000 ден. бомба ама не се погодија.(така и продавницата ќе гори)
Не возам брзо, ниско летам.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #72 на: 25 Септември 2012, 21:54:21 pm »
анти синк кугла или бомба ,го спречува пропајѓањето на возилото после гаснење,јас ја немам,мојата се спушта после неколку минути од кога ќе се изгасне,назад под задниот дел на задниот трап треба да се гледаат 4 бомби ако имаш анти синк,ако не ќе се гледаат само 3,две за амортизација и една хидрактив,морас на канал да провериш,можеш и I.F..H.S. да земеш,но треба еднаш годишно да го проверуваш притисокот во нив,во СК има полно сервисери што разбираат и го проверуваат притисокот,дај ми година и модел на ХМ-от и ќе ти кажам кој бомби одговараат на твојата кола,со каков притисок и каков отвор (вентил) на бомбите.

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #73 на: 26 Септември 2012, 16:59:33 pm »
Нема анти синк бомба, се на се имам 7 бомби (проверено).Според тебе кој мајстор е добар за да го провери притисокот и да ги смени бомбите.Го осеќам дека напред ми е малку потврд него вообичаено, а ако мењам ќе ги мењам сите комплет,пошто се доста стари овие.

Инаку е 1993 2.1 Турбо Д12, и ако можеш спореди со модел од 1992 3.0 В6 дали се исти бомбите.

Поздрав
Не возам брзо, ниско летам.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: CITROEN XANTIA 2.0 16V 155KS hidraktiv
« Одговори #74 на: 27 Септември 2012, 17:13:13 pm »
Нема анти синк бомба, се на се имам 7 бомби (проверено).Според тебе кој мајстор е добар за да го провери притисокот и да ги смени бомбите.Го осеќам дека напред ми е малку потврд него вообичаено, а ако мењам ќе ги мењам сите комплет,пошто се доста стари овие.

Инаку е 1993 2.1 Турбо Д12, и ако можеш спореди со модел од 1992 3.0 В6 дали се исти бомбите.

Поздрав
предни 400/50/0.60 предни,400/30/0.50 задни,500/70/.. предна хидрактив,500/40/.. задна хидрактив,400/62/..централна бомба исти се со V6 , http://www.scribd.com/doc/95257256/sfere-konacno