Нека ја носи во некој сервис каде има уред кој мери во микрони, нема утка.
Мајсторот може и да не примети дали е фалична.
Јас мислам дека не е толку битно дали на крилото/вратата има кит или не, туку дали целата кола била претходно искривена.
Поради тоа препорачувам уред (се разбира, доколку постои) кој би ја споредил целата геометрија на колата, со фабричката геометрија. Ако колата имала разнесување, сигурно нема типот да го исправа крилото туку ќе купи ново, и со уредчево ќе измериш и ќе видиш дека длабочината на бојата/лакот е иста по целата површина, после си супер радосен дека колата е стакло и ја купуваш.
Она што неможе во микрони да се поправи е искривувањето на шасијата, кое би се осетило при возење ако е огромно, ама може и да не го приметиш од прва па колата да си ја купиш и после да приметиш дека почнува да јаде гуми, да растропува предница и тн..