Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 4237641 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1794
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28950 на: денес во 09:20:04 »
"10 годишната" гаранција на Тојота е добар маркетиншки трик. Првите 3 години имате гаранција (не на се), вторите 3 години имате мала до никаква гаранција и последните 4 години имате маркетинг. И ова не е вака само со Тојота, него со секој производител.
Нова кола се купува поради неамортизираност, па се надеваш дека ќе биде се океј. Што не значи дека ќе биде, само шансите да биде се поголеми.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14190
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28951 на: денес во 09:33:29 »
Шо знам, кај мене на Шкодата имам 5 години гаранција на буквално се. Да, низ нос ќе ми ја извадат (како и се друго кога имаш гаранција во државава), ама важно имам :) Не како овие другиве...2 години на електорника, 5 години на мотор и мењач само.

Реално Лексусов е одлична понуда ДУРИ и да нема гаранција. Ако не некој произведувач верувам во производ тоа е Тојота/Хонда. За жал тоа е вистината.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10226
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28952 на: денес во 09:37:48 »
Не дека нема клаузулчиња во гаранцијата, но обично ако има некоја фабричка фалинка, испливува на површина уште во првата година.
Во таков случај, џебот не трпи никакви издатоци и животот си тече понатаму по планираното што за мене е најголемиот бенефит од гаранцијата. Искуство Со 2 коли, од кои едната лично моја.

Во равенката не е влезено мајмунисувањето од страна на овластениот сервис.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14190
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28953 на: денес во 09:39:49 »
И едно златно правило што рака на срце и јас го прекршив, најубаво е да се купува фејслифт возило. На прсти се бројат модели кои имале помалку проблеми со нов модел.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2377
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28954 на: денес во 09:44:17 »
Батко Мики точно животот продолжува и со гаранција и без но да не тропнеш на тие врата ако се појави проблем каде што треба да биде активирана гаранцијата на продавачот е тука е крвавото сум гледал маки од блиски роднини крваво не видено.. абе еден ебан акумулатор од 100 евра на човек не му активираа гаранција факинг 6 илјади денари а не па над 1 милион денари платено ауто.Се што кажа Bravo е така и тоа е тоа нема гаранција него маркетинг не дал господ да тропнеш на тие врати а да се ослониш на гарантен рок не мајмун пре крокодил ке се роди од колку мајмун .Само среќа да се погоди и тоа е тоа останато добро хендлат маркетинг и гаранции

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10226
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28955 на: денес во 09:55:31 »
Крваво, да, некогаш е крваво бидејќи сервисерите се обидуваат да те прават мајмун, но неретко има мајмуни и од другата страна, и потоа се пласира наратив као твоево пишување.

Конкретно за мојата и10, не само што под гаранција се бараше гремлинот (без никакво проблематизирање) туку се здобив со дополнителна 5годишна гаранција и целиот 10 годишен период бесплатни сервиси, и хратис далечинско заклучување.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7440
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28956 на: денес во 10:03:35 »
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=5300649

Лексус ис300х хибрид 2018  25.000€

Вака на прва делува ок понуда? ;D

После разгледувањето на случајот од нашите драги колеги, ја повлекувам изјавата дека ова е ок понуда. Очигледно не е ::)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2852
  • Слобода или смрт
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28957 на: денес во 11:21:20 »
Од мое лично искуство што го имав претходниот период со потрага за половен автомобил многу е тешко да се процени вака од слики. После 3-4 месеци, 2000 поминати километри и минимум 200 евра потрошени за кар вертикал и 500 за пат и изгубено време испадна се што се продава во рангот до 25000 евра а е поново годиште од 2020 и со мала километража има некаков проблем или било сериозно оштетено. Затоа веќе со голема резерва гледам кон секој еден оглас.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7082
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28958 на: денес во 12:46:30 »
Зошто не земеш директ од Германија, што губиш време со нашиве.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14190
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28959 на: денес во 15:19:55 »
Од мое лично искуство што го имав претходниот период со потрага за половен автомобил многу е тешко да се процени вака од слики. После 3-4 месеци, 2000 поминати километри и минимум 200 евра потрошени за кар вертикал и 500 за пат и изгубено време испадна се што се продава во рангот до 25000 евра а е поново годиште од 2020 и со мала километража има некаков проблем или било сериозно оштетено. Затоа веќе со голема резерва гледам кон секој еден оглас.

Имам една Шкода ко за тебе 20000 од 2020 година со 31000 километри уште 4 месеци со фабричка гаранција :D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 521
  • The best or nothing.
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28960 на: денес во 15:34:41 »
Имам една Шкода ко за тебе 20000 од 2020 година со 31000 километри уште 4 месеци со фабричка гаранција :D

Шкодава ајт. Ама она бенвето со 60к км... Уште мириса на ново.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2852
  • Слобода или смрт
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28961 на: денес во 15:50:40 »
Од мое лично искуство што го имав претходниот период со потрага за половен автомобил многу е тешко да се процени вака од слики. После 3-4 месеци, 2000 поминати километри и минимум 200 евра потрошени за кар вертикал и 500 за пат и изгубено време испадна се што се продава во рангот до 25000 евра а е поново годиште од 2020 и со мала километража има некаков проблем или било сериозно оштетено. Затоа веќе со голема резерва гледам кон секој еден оглас.

Имам една Шкода ко за тебе 20000 од 2020 година со 31000 километри уште 4 месеци со фабричка гаранција :D

Све супер но обично одиш со половно за да извадиш нешто повисока класа на возило за тие пари. Лично мене не ми менува дали ќе биде 20 или 25к па би отишол на скроз нова шкода. За да биде интересна шкодава би требало да е 17к цената. Ова се мои лични размислувања за друг веројатно е различна математиката.
Затоа и на крајот земав ново возило.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14190
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #28962 на: денес во 20:50:49 »
Ако се има желба ќе се најдиме некаде. 😁