Неможам да сфатам... Во последно време има доста вакви случаи да се продаваат нови коли 2011-2012 година со мала километража... Дали луѓево толку многу заглавуваат или незнам што се дешава... Дали се издишани во мозокот, купуваат кола во конкретниов пример реново за 17.000 евра ја вози некои си 10к, 15к,20к километри, а после година ипол-две ја продава за помалце од 10.000 евра... Стварно сум запрепастен...
Големи се шансите да било некое тест возило во рено. Да, вредело 17000 евра како ново со таа опрема, ама како тест возило он го купил за многу помалку, и сеа го продава или со мала загуба, или пак може и ќар да има на него.
Абе кој будала продава ново возило за испод цена... И да била тест возило има поминато мизерни 10.000 км не зезај... Има многу случаи каде некој купува нова кола непромислено со последни пари па после две години ќе дојде во тесно и ја продава... Не размислува народов ич верувај... Значи дедо ми убаво вика, ако купуваш нова кола пример 10.000 евра купи ако имаш најмалку уште 10.000 евра на страна за да можеш да се покриеш за не дај боже... 
Како првен меганот не кошта 17 000е , кошта 13 - 14к.
И колку треба да го продава на старо?
15к ??
Гледај, прати го, нема никој да го купи за оваа цена.
Паднати се цените на колите ЕПТЕН.
Посебно на вакви понови возила. Простиот народ вика: што ќе ми е меган, кога за тие пари ќе земам бмв, ауди или мерцедес. И здраво.