Ќе отидат надоле цените на половните ако паднат и на новите.
Во спротивно се ќе си остане исто и за неколку години ќе си се навикнеме.
Пример, пежото107 од 2006 што се појави на оглас за 2900, се сеќава некој колку беше ново? Тоа не треба да вреди над 1.500 евра, а и никој нема да го купи ако има нови од иста класа за 8.000.
Друг пример, во 2011 гледав половни до 5 години стари за сопругата, последна кола што гледав беше ц1 2006та за 5.000 огласено, нова ц1 беше нешто под 9.000, конкуренцијата се движеше од 7.990 за Спарк па нагоре. Доколку новите поскапеа нареден период, сигурно и половиот ц1 ќе отидеше нагоре.
Си купив и10 за 7.600, по 12 години сигурно ќе го огласам за 4.500 ако ц1 од 2006та е 2.900 евра.