Со 180.000 ја купив и имам дадено цирка 1500 евра по неа за се и сешто (сервиси, полирања на каросерија и фарови, летни гуми, зимски гуми, челични бандажи, ЕГР вентил, акумулатор и разни глупости). Буквално - да се чувствувам сигурно во неа и да ја дотерам по свој вкус.
Значи 8000 евра ме кошта колата, купена пред година и пол до денес. Пази, јас ја купив 2000 евра поевтино пред 15 месеци, каде е логиката? Само не ми ги зборете километрите, прелесно се враќаат без траги. А другаров што ја продава мислите дека нон-стоп ја сервисирал по овластени сервиси, па има историјат? Секако...
А и од каде гаранција дека оваа сега што се продава за 8500 - нема да дадеш уште 1500 како јас? Моторот е тој, опремата е таа. Никако не вреди Леонов за тие пари.