Има два моменти со „салам“ вратено.
1) Официјален „извод“ од Мерцедес. Си одиш си плаќаш и си земаш да видиш како се движела километражата.
Пример: Колата е 2001 така? До 2006-7 била сигурно носена по официјални сервиси и до тогаш поминала 150 000км така? Сега ти ја продава со 170 000км
или ете 200 000км. Која е веројатноста?
Башка ако е увезена, сигурно многу долго била носена во официјален сервис така што ќе можеш да знаеш колку километри има сигурно, само со таков извод.
2) Со Стар дијагностика можеш да видиш ама за 150 евра има дечки во Скопје, што одлемуваат EEPROM го репрограмира на плочка (менува Hex code) и ти го прелемува и ти го враќа. Кога ќе отвори Star ќе ја прочита Hex вредноста и цврц што ќе знаеш. Ај сеа новиве имаат не знам колку точки кај што памтат километража ама W210 не ми се верува да има повеќе од 5 места.