Цените на половните коли кај нас се детерминирани од побарувачката на нови коли.
Постои солиден број од населението кое може да си дозволи да купи нова кола од Б и Ц сегмент, но се одлучува да си купи половна од повисока класа за истите пари, или во најмала рака од истата класа и да си заштеди од буџетот.
Истите коли по 5,6 години се продаваат и ги купува некој кој може да си дозволи да купи нова кола само од А сегмент, не е будала да се гужва во нова Панда

Истите коли по 5,6 години се продаваат и ги купува некој кој воопшто не може да си дозволи нова кола.
За на крај на истите коли по 20/25 години наместо да завршат на отпад, да им се радува некој по "баснословна" цена.
Доволно е првата алка од ланецот во побарувачката на половни коли да се отстрани и веднаш ќе падне побарувачката на истите, и со тоа и нивната цена. Но за тоа ќе треба некој да вози кола од класа која е соодветна на чергата.
Тука лежи и одговорот на прашањето зошто во последниве години е слаб интересот за нови коли од А сегмент.