@howitz Возев 520d и 535d лани. Низ град и на рамно 520d е сосема доволна. Таа што ја возев беше со М-подвозје неадаптибилно 18ки и за мене имаше одлична вожња, стегната а сепак тивка и доволно удобна. 535ката имаше адаптибилно подвозје и 19ки, ко на облаче да се возиш и не се наведнуваше ич во кривини ама гумите беа погласни. Моторот на 535ката е исто погласен ама каде каде подобро звучи. И да F10 обавезно со аутоматик мењач.
Реално F10 520d во МК е повеќе од доволно, ама пак ќе напоменам дека BMW со слаб мотор и/или x-drive нема логика поради фактот што каросеријата и подвозјето имаат огромен потенцијал.
Одржување....ако ти е скапо за 525d ќе ти биде скапо и за 520d, разликата не е толку голема, далеку поголема разлика прави каде ќе ја одржуваш и со какви делови/потрошен материјал.
Ако веќе гледаш ефтино да поминеш за одржување и потрошња а не ти е битен моќен мотор тогаш моја препорака е F10 523i путер атмосферски шестак, ќе му шибнеш плин и не го мислиш наредни 500.000.