Да ти препорачам да си купиш едно standalone медиа плеерче и да го избегаваш PS3 за пуштање филмови. Има одличен blu-ray драјв, ама е сериозно ограничен во поглед на форматите што може да ги пушта (односно, заборави на .mkv, итн).
Јас си купив еден Western Digital WD TV Live. Преку гајтанлес се поврзува на мрежа и од било кој shared фолдер влече видео. За SD филмови нема никаков проблем. За HD (720p) нема скоро никаков проблем (од време на време знае да штуцне, ама тоа е пошто гајтанлес рутерот ми е на сосем друг спрат и не двојат 4-5 дебели вертикални ѕидови) а 1080p не сум пробал. Моеш комотно да му уштекаш колкав сакаш екстерен хард диск и да пушта што сакаш. Да не праиме муабет дека си има вграден плеер за Youtube, итн, па и тоа брка работа.