Го слушна рисиверот?
Овие марки како Пионир, панасоник, сони и остали имаат огромни разлики меѓу самите верзии и варијанти. Ако случајно го земаш, прво вклучи го и слушни го со звучниците. Баш тој значи твојот! И ако ти се бендиса тогаш земај. Понатаму, тоа е за култивирано и тивко слушање музика и гледање филмови (сите комбинации). Значи повеќе им е естетика адут. Со 86, или 89дБ/1W не барај журки. Чисто за домашна употреба и тоа тивкичка. Ама за таа работа се супер.
За џамо имам само пофални зборови. Иако како и сите звучници - често се случува да цркне високотонец. Прашај како би одела замена или поправка (и да не ти кажат дека „нема да цркне не се секирај“ туку да ти објаснат процедура на поправка/замена - не би требало да е нешто скапо)
Види како да интегрираш сабвуфер во комплетот уште одма. Смисли го и испланирај го. Ќе ти треба. Голема разлика прави. И треба истиот да е димензиониран според собата. Ако го става во салон од 100кубика, а е некое минијатурче џабе.
Треба да се истретира собата акустично. Што не е воопшто тешко, посебно ако се работи за реновирање или изградба.
Да те потсетам, дека ќе ти требаат поприлично кабли, чија цена не е занемарлива. Поготово за задните звучници кои сигурно ќе сакаш да ги шеташ некаде позади, па кабелот ќе кружи од некаде. (Освен ако не ти е поставен веќе во куќата.
)
Разлика меѓу овие, скоро и нема да приметиш. Види кои ти одговараат во соба највеќе.
Искрено ако правиме муабет.
Само тоа рисиверот малце ми мањка, не сум најсигурен што-како. Мора да се чуе.