да да... очите на фолци се отворија како 2 алтани кога ја вие алфата...
сега мал апдејт... поради повреда на коленото кое се влече подолги години, и активација на истиот проблем од вчера па навака, па дремење по амбуланти, скенери и рентгени, и на крај изричита наредба од лекарот ДА НЕ РАБОТАМ НИШТО 10-15 ДЕНА, не сум во состојба да работам на возилото иако, го занемарив денешниот ден па чепкав малку ситно... завршени се следниве работи:
-ознаките 155 и 1.8t.spark залепени и фиксирани на гепек.
-предниот знак залепен, фиксиран како што треба
-бравите намонтирани, и задна вклучително (СЕУШТЕ ЧЕКАМ ЗНАК ЗА ЗАДНА БРАВА)
-заменети сите штрафови со драстично подолги, тоа подразбира враќање на дистанцерите назад и за инат на комшијата на задните тркала ставив по два дистанцери... кај што ги купив штрафовите и дистанцери докупив... КОНЕЧНО ШТРАФОВИ НАЈДОВ
-купени и сменети предните жмигавци
од тука натака боро презеде кедерите да ги домонтира, ретровизори ово оно, до утре ке биде склопена се комплет... со тоа што јас утре ке бидам надвор од мк и се враќам покасно навечер, па презентација нај веројатно или во недела преку ден или утре навечер... ке видиме...
п.с. карпатски... се секаваш ли на сообраќајката на шапка што ја имав? е па коленово е од тогаш навака...