Автор Тема: ровер маестро, дизел олд скул  (Прочитано 3188 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
ровер маестро, дизел олд скул
« на: 30 Октомври 2013, 22:47:19 pm »
после пројдени околу пола милион километри, се запали и почна да гори моторот, од разни места на капење масло но и нафта, врз издувна грана. успешно изгасен пред да ја зафати кабината, верувале или не, со возење донесен во гаража кај боро. откачени стопените жици, преспоено се што треба, премостена ац пумпа со неповратен вентил и на клуч палење, малте не од прва... арно ама:


 нај веројатно перка затаила т.е. термопрекидачот, фино прегреал издувот со оглед на тоа дека братми го стискал маши накај водно идејки и на сама рампа на средно водно бувнал да гори... со шише вода, и старо кебе изгаснат огинот. го успаничил типот од тоа чуварницата што е тука, дотрчал со пола лице избричено а пола со пена (го сецнал бе) ;D ;D

нарачан дихтунг на глава нов, од ибејо наш насушен, ке стигне кај и да е. има да вози ова уште... овој мотор бре не умира брееее... а башка брат ми не се откажува од колава.. миљон пати паднало дискусија на преса да се даде, он вика неее.. кола со олкава комоција (за клецање пред се) што има такво парно за во зима, а троши едвај 6,5 нафта односно едвај 6 ЗЕЈТИН ПРЕГОРЕН нема да се најде... башка со преткомора е и на -50 пали од прва. чади. штрака, загаџује се околу себе, комарци, муви и остали инсекти кај него у маало нема, ама во секој момент излага на автопат и ја гази до 160 без никаков проблем... збориме за тракаталец стар 25 години, пројдено преку 500.000 километри и претерано барем 11 сообраќајки (толку ми текнува, може и поише да се), начелно без некои поголеми штети на возилото ПОШТО ТЕНК Е, а другите мама им подера...

без ниеден сменет зглоб, без ниедна виљушка, чаура или што и да има од предница, освен заден десен амортизер и лагер (најавал јака дупка) и сега после се тоа дојде ред дихтунг на глава и термопрекидач... брееееееее, што машина ке беше ова у пм... во секој случај тракторска е... овие дизел мотори на ровер маестро се користени на времето во трактори т.е. некои пољопривредни машини, па после му текнало на некој да ги употреби и за во кола. што зејтин наместо нафта има исчадено овој ровер ни сам незнае... идеш на пример до куманово и назад, потрошиш 60-70 денари за зејтин прегорен а платиш 160 денари патарина... каков парадокс еј... ;D

ке чекам да стигне дихтунгот па кога ке се отвара моторот ке евидентирам... ваков мотор отворен за поправање ретко се гледа... ептен олдскул технологија... ;)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: ровер маестро, дизел олд скул
« Одговори #1 на: 16 Февруари 2014, 17:09:08 pm »
Бидна ли нешто од отварањето, апдејт нешто ? :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ровер маестро, дизел олд скул
« Одговори #2 на: 16 Февруари 2014, 20:36:33 pm »
ииии абе ја тема сум отворил за роверов...


да, бидна...

значи отворивме глава... како што и претпоставував духтунгот дроп. стигна дихтунгот и тоа не од ибеј туку го најдовме во куманово... од ибеј се отепавме од чекање не стигна ни дихтунг, ни лагери ни ништо. земавме да растураме и кога оп и рабрастиот каиш на едно место стопен. ајде барај ребраст каиш... се што имав познаници ги  запнав и конечно го најдовме.. ребраст каиш, веројатно последниот во државава, ми го испорачаа од гевгелија од некој магацин, со декларација од СФРЈ... не бев среќен, пошто беше рпилично стар од производство ама па од друга страна извакумиран, и некако беше мрсен кога го отворив. одамна не сум виел така спакован ребраст каиш. склопивме се, и дрррн на клч моторот брои... да не веруваш.. ај деновиве ке напраам снимка една од моторот како работи... инаку пред 2-3 дена братов конечно се одлучи и купија нова кола, ама вика роверов е таман за низ скопјево.. сум се избезобразил (така вика) он не ебам жива сила. чим некој се бута не му кочам.. ако му држи шупчето нека ме удри...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: ровер маестро, дизел олд скул
« Одговори #3 на: 26 Февруари 2014, 00:09:37 am »
Ех... Маестро. Моето стоеше долго време за продажба, му барав мизерни 15 000 денари за 1996та година, но нека...
Денеска конечно пресеков. Од утре си почнувам.
Онак... изгледа проективе на двајцата ќе почнат да ни движат во нагорен правец...

Приказната оди вака: Колата светнала за масло, а шоферот бил баш на кривина и морал да повози уште 100 метра за да запри. Откако запрел без масло додека не дојде кај мене обидите за палење биле безуспешни.
По препорака на Онак, јас и мојот Боро (стварно Боро се вика детето што ми помага околу вакви работи) му запнавме...   му сипав масло во моторот, завртивме радилицата со клуч 24ка... Веднаш си пушти моторчето.... На радоста и немаше крај.  Јухи јеј...
Запали под прва, крена масло, но работеше на три клипа. По одредено време откако стопли моторот сам се изгаси и неќеше да запали. Другиот ден пак запали под прва, поработи 5 минути и пак изгаси. Го викнав еден од вонвременските механичари во градов и човекот рече дека има неисправна дизна. Пеки. Дизните извадени... проверени - 2 мочаат. Едната пушти под притисок, а другата ја расходовав ја потопив во глицерин со бензин и по 2 недели стоење успеав да истружам од неа добари пола милиметар наслаги.
Денес ги намонтирав дизните на бошот завртени на горе да видам дали прскаат како прав и ЗА ЧУДО МОЕ ОГРОМНО... прскаа сите 4 во прашина...

Арно ама, пошто ништо не е отпорно на будали, настрада навојот за стегање на дизната. Утре треба да направам една консултација со механичарот, па да ја носам на дребонгџија за да изрежи поголем навој...

П.С. знае ли некој од што одговараат бандаши на ова чудо? Имаат некој налудничав размах и не можев да најдам колце да го истуркам од двор.

Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ровер маестро, дизел олд скул
« Одговори #4 на: 26 Февруари 2014, 10:03:20 am »
имаш тема за тоа..... ме мрзи да ја барам сега, побарај ја ти и ке најдеш за секое возило пишува какви бандажи носи со кој отвор централен и размак на штрафови...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ровер маестро, дизел олд скул
« Одговори #5 на: 29 Април 2014, 18:25:51 pm »
и оваа тема може да се заклучи или избрише, по желба на администрацијата
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време