Автор Тема: мерцедес камион сака против моето волво  (Прочитано 4237 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
кој виде, виде и знае.. кој не виде сега ке види и ке дознае...

еден со камион успеа да се бутне кај мене во врата.

после тоа, со фотографии од надвор тоа изгледаше вака:





нормално, цревата ми се кренаа, ке треба да се поправа или мења врата, фарбање, заебанции...

епилог, згмечена врата, бравата работи ама само за отвори затвори, а за отклучи-заклучи не, механизмот од прозорот не работи и тоа е тоа..

нарачав врата да ми донесат од бугарија... ке стигне ми велеа за ден-два ке ја имаш за 150 евра. ок... ке почекам... поминаа 3 дена, ало, абе вратава... ееејјјј друже, неуспев да ти се јавам (3 дена не успеал) ке мора да почекаш дополнителни 10 дена... е не чекам... му се заблагодарив (безобразно) за незавршената работа и почнав сам да си кројам план. ке идам сам до бугарија, можда и ке ми се усреќи да најдам баш иста боја, ке ја сменам таму а ако биде различна боја само ке ја офарбам и тоа е тоа... и тука мајстор БОРО ми вика оооппп СТОП... иде викенд друже, пали другата кола, иди на викенд, и остај ова, јас ке пеглам и праам, башка нов пиштол за фарбање имам, сефтето да му го напраам... и стварно жалам што не ја сликав згмечената врата, (не ни имав на памет такво нешто, ама ке пробам од осигурителнава компанија да ги добијам сликите ако се може), но денес кога се вратив од викенд, го начекав како ја мучка бојата и се спрема да фарба... па го видов, снимив и сликав ова:

измазнето, испеглано и само пола милиметар кит. нормално ова на сликата е со филер испрскано, па исшлајфувано и спремно за фарбање:


боро вика, рака му паднала од чукање, ова на вратата не било лим ами било железна плоча. и вика дека да сум бил на пример со застава некоја дефинитивно би имало поголема штета од само една врата... туку ај батали... значи после филерот, и мазнењето иде фарбање, со акрилна боја е во ситуацијава:





бојата е набавена од максмаер во кисела вода. до сега не промашиле да ја погодат ако им однесеш примерок. немало грешка, ама секогаш постои црвот на сомнежот дали ја погодиле или не. поготово во овој случај според каталошкиот број на возилото вадеше мнооогу слична но не иста боја од онаа што кажа компјутерот со сликање на капачето од резервоарот.. (да компјутер имаат кој според даден примерок кажува која боја е и која нијанса) и црвот нормално те гризе.... но... еве слика од вратата фарбана и крилото не фарбано:



разлика нема.. сега за сега... утре ке дознаеме што и како т.е. ке се уверам или разочарам. акрилот се суши и стега за околу 5 саати, така да за 12 саати максимум онаа нијанса што ке ја има бојата, таа е таа што ке остане за секогаш...

еве и едно кратко видео од процесот на фарбање (со новиот никлован пиштол на мајстор боро):


од финиш со склопени рачки и останати тракаташки (ако ми текне и шината ке ја сликам) утре ке ве апдејтирам...

п.с. како бонус му дојде кошето од браникот да го средам иако не целосно... пред извесно време онака фино ја олупив целата боја од едно столбче... и го офарбавме ова на ќошот од доле, ама од горе е испукана основата и немаше поента да се фарба се додека не го средам тоа, а ке го средувам летоска кога ке ми биде страшно досадно.

чиарс... ;)
« Последно менување: 05 Април 2014, 23:30:44 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: мерцедес камион сака против моето волво
« Одговори #1 на: 05 Април 2014, 23:38:37 pm »
ете ја таа шината од внтре во врата што е.. поприлично јако парче железо, боро вика бајаги се намачил да ја врати назад на место...



и конечно, после неколку дена, сликнав како изгледа бојата.. чекав да се засуши убаво, и да видиме дали се погодило или не... значи, разлика во бојата нема... алал да им е од макс маер... моја препорака и за понатака за било кој.. макс маер кисела вода.. појма немам кој е газда, појма немам чива фирма е ама знам дека неколку пати не промашиле боја кога се барало иста да извадат...

еве:



ај у понеделник ке пишам меил до агентот, дали ке може да ми прати макар една слика од удрената врата, да видите за што станува збор...

инаку, механизмот сменет, бравата поправена плус додадено моторче за отклучување, а за заклучување работи оригиналното.. значи сега имам централно оригинално и плус моторче... мнооогу комплицирана брава.. многу... 14 жици изагаат од нејзе... микро прекидач овде, микро прекидач онде.. оригиналниот мотор за централното е само едниот од трите моторчиња што ги има во бравата... како и да е се снајдовме и искомплетиравме некако да работи... сега имам брава со 4 моторчиња ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: мерцедес камион сака против моето волво
« Одговори #2 на: 05 Април 2014, 23:44:24 pm »
Секоја чест за нервите...
Инаку да ти кажам кај мене се гледа на монитор разлика во боите...Предна и задна врата...Задната ми е пожолта, предната побела...
Во живо чим викаш, значи е супер...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3808
Одг: мерцедес камион сака против моето волво
« Одговори #3 на: 06 Април 2014, 00:19:33 am »
Normalno e toa, voa e nova boja, taa na zadnata vrata e postara boja, mora da se ispolira za da dojde istoto ;D ;D ;D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: мерцедес камион сака против моето волво
« Одговори #4 на: 06 Април 2014, 10:34:43 am »
Онак, што камера користиш, од каде е и како си задоволен од истата?

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: мерцедес камион сака против моето волво
« Одговори #5 на: 06 Април 2014, 13:14:37 pm »
Neli rece si vadel folija na patarina nekade na zapadov a staklava kako so cetka so boja dasi gi prosol...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: мерцедес камион сака против моето волво
« Одговори #6 на: 06 Април 2014, 15:26:56 pm »
ова е Ш2... фолии вадев на Ш1, т.е. претходното возило... инаку на ова НЕМА фолии на предни стакла... ако на тоа мислеше...
Онак, што камера користиш, од каде е и како си задоволен од истата?

од мобилен е сликано ова... престигио ПАП 5000
Секоја чест за нервите...
Инаку да ти кажам кај мене се гледа на монитор разлика во боите...Предна и задна врата...Задната ми е пожолта, предната побела...
Во живо чим викаш, значи е супер...

да, на камера вади разлика затоа што ова не е сеуште испечена бојата... свети или л’шти ако сакаш... а задната не е испрана... после полирање ке бидат комплетно исти.. пробав на браникот напред кај што е фарбано и нема разлика... уствари, ако бараш детали ке има дефинитивно... но муабетот ми беше дека ептен е добро погодена, за разлика од оној од босони што зимав боја порано... далтонист....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: мерцедес камион сака против моето волво
« Одговори #7 на: 29 Април 2014, 18:24:34 pm »
и оваа тема може да се заклучи или избрише, по желба на администрацијата
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време