после пројдени околу пола милион километри, се запали и почна да гори моторот, од разни места на капење масло но и нафта, врз издувна грана. успешно изгасен пред да ја зафати кабината, верувале или не, со возење донесен во гаража кај боро. откачени стопените жици, преспоено се што треба, премостена ац пумпа со неповратен вентил и на клуч палење, малте не од прва... арно ама:
нај веројатно перка затаила т.е. термопрекидачот, фино прегреал издувот со оглед на тоа дека братми го стискал маши накај водно идејки и на сама рампа на средно водно бувнал да гори... со шише вода, и старо кебе изгаснат огинот. го успаничил типот од тоа чуварницата што е тука, дотрчал со пола лице избричено а пола со пена (го сецнал бе)
нарачан дихтунг на глава нов, од ибејо наш насушен, ке стигне кај и да е. има да вози ова уште... овој мотор бре не умира брееее... а башка брат ми не се откажува од колава.. миљон пати паднало дискусија на преса да се даде, он вика неее.. кола со олкава комоција (за клецање пред се) што има такво парно за во зима, а троши едвај 6,5 нафта односно едвај 6 ЗЕЈТИН ПРЕГОРЕН нема да се најде... башка со преткомора е и на -50 пали од прва. чади. штрака, загаџује се околу себе, комарци, муви и остали инсекти кај него у маало нема, ама во секој момент излага на автопат и ја гази до 160 без никаков проблем... збориме за тракаталец стар 25 години, пројдено преку 500.000 километри и претерано барем 11 сообраќајки (толку ми текнува, може и поише да се), начелно без некои поголеми штети на возилото ПОШТО ТЕНК Е, а другите мама им подера...
без ниеден сменет зглоб, без ниедна виљушка, чаура или што и да има од предница, освен заден десен амортизер и лагер (најавал јака дупка) и сега после се тоа дојде ред дихтунг на глава и термопрекидач... брееееееее, што машина ке беше ова у пм... во секој случај тракторска е... овие дизел мотори на ровер маестро се користени на времето во трактори т.е. некои пољопривредни машини, па после му текнало на некој да ги употреби и за во кола. што зејтин наместо нафта има исчадено овој ровер ни сам незнае... идеш на пример до куманово и назад, потрошиш 60-70 денари за зејтин прегорен а платиш 160 денари патарина... каков парадокс еј...
ке чекам да стигне дихтунгот па кога ке се отвара моторот ке евидентирам... ваков мотор отворен за поправање ретко се гледа... ептен олдскул технологија...