Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1109113 пати)

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3726
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7755 на: 12 Март 2019, 08:55:51 am »
Котсоволос враќа фул 24%. Медиамаркт незнам.

Прати му еден меил за секој случај.

Сега брзо брачед ми зема од котсоволос во Кожани и му вратија околу 12%.

Брат ми лани зема од Лерин и му го вратија фул, 24%.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7756 на: 12 Март 2019, 09:27:15 am »
ами јас не знаев дека котсоволос имало во леринн :o , ако веќе земам од таму да земам, барем за парите назад ене кај ми е...

инаку во кожани и солун во други продавници не враќаат на мејл за данокот кога прашував

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3726
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7757 на: 12 Март 2019, 09:34:47 am »
Само продавницата во Лерин им е многу тенка со роба...скоро се треба да се нарача првин.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7758 на: 12 Март 2019, 09:45:55 am »
Има една друга продавница во Лерин која е многу поснабдена и многу подобро работи со Битолчани.
На влезот на Лерин од лева страна. По стариот пат кога одите.
Mega Euronics

Одете таму. Спремен е дечкото.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7759 на: 19 Март 2019, 08:46:30 am »
Купено е од Котсоволос кај космос Нокиа 5.1 плус, два три дена пред да одам го намалија од 200 на 180€, повраток на данок 12%, 17€ или по нашки 10 кркачи ме кошташе конечно.

Прочитав на ит форумот нешто, 24% даваат назад оние продавници од кои го подигнуваш данокот пак од истата продавница, а овие поголемиве ја тераат работата преку посредник за да не се враќаш, а не ни имаat опција од впродавница да ти вратат пари мислам, и затоа пола.


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1783
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7760 на: 19 Март 2019, 09:57:05 am »
Со здравје да го користиш.

Во врска со данокот, тие што враќаат 24% го враќаат на сметка директно, не мора да се малтретираш да се враќаш. Треба само да им пратиш маил со удрен печат од царина на документот што ти го даваат. Така функционира Плаисио.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7761 на: 19 Март 2019, 11:08:06 am »
Ако платиш со картичка.
Ако платиш кеш, ќе се вратиш назад до продавницата.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3007
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7762 на: 19 Март 2019, 11:26:19 am »
Како оди повратоков на данок?

Еве одам во грција и купувам нешто со картичка и им барам лист за враќање на данок.

После тоа треба да се пријави на царина кај нив или кај нас? Kолку е минимална сума на која што враќаат ддв?

И дали прават проблем нашите ако имаш, да речеме телефон над 350 евра?


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7763 на: 19 Март 2019, 11:43:01 am »
Одиш во продавница.

Ако не си сугурен дали враќаат данок, си прашуваш на каса.
Дали враќате данок и преку која агенција?

Ако ти кажи дека не работат со агенција, тоа значи дека директ враќаат 24%.

Пазариш најнормално. Си плаќаш и ти си бараш документ за повраток на данок.
2 ливчиња се.

При излез од таму, на граница на нивниот премин одиш во царина и му покажуваш што си купил и тие ти задржуваат едно ливче и на другото ти маваат печат.

На наша граница немаш никакви обврски за документација.
Ако сакаш да платиш кај нас царина и данок, пријави што си купил. Ако не, не пријавувај. Твоја одлука.

Данок во Грција враќаат на било која роба купена над 50 еур.
Данок при внес на роба во СРМ не се плаќа во износ до 300 еур по лице . Или 350 беше.  Тука некаде.


После некое време, да речиме после 1 месец. Се враќаш назад во продавницата со тој документот и пасошот и ти враќаат пари.
Тоа со картица како оди, незнам.
Не сум враќал данок до сега со плаќање со картица.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3007
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7764 на: 19 Март 2019, 11:47:18 am »
Фала @osmica8 :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1783
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7765 на: 19 Март 2019, 13:13:01 pm »
Ако платиш со картичка.
Ако платиш кеш, ќе се вратиш назад до продавницата.
Може и кеш да платиш, не мора со картичка за да ти ги пратат парите на картичка. Ќе треба само ибан и свифт да им пратиш кога ќе го праќаш документот со печат од царина. Барем во Плаисио е вака.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7766 на: 19 Март 2019, 13:23:06 pm »

На наша граница немаш никакви обврски за документација.
Ако сакаш да платиш кај нас царина и данок, пријави што си купил. Ако не, не пријавувај. Твоја одлука.


Јас вапот кога го земав од Лерин (околу 200 евра) имав заебанции со нашиве на Царина - документот за повраток на данок не им бил валиден доказ и ми бараа да сум покажел фискална сметка :)

Може грешам, ама не се сеќавам некогаш кога сум барал повраток на данок да ми дале фискална сметка од продавницата.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1783
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7767 на: 19 Март 2019, 13:34:57 pm »

На наша граница немаш никакви обврски за документација.
Ако сакаш да платиш кај нас царина и данок, пријави што си купил. Ако не, не пријавувај. Твоја одлука.


Јас вапот кога го земав од Лерин (околу 200 евра) имав заебанции со нашиве на Царина - документот за повраток на данок не им бил валиден доказ и ми бараа да сум покажел фискална сметка :)

Може грешам, ама не се сеќавам некогаш кога сум барал повраток на данок да ми дале фискална сметка од продавницата.
Претпоставувам на Битола те имаат малтретирано, на Гевгелија не се толку напорни, освен ако не си кабает. Инаку и јас мислам дека не даваат фискална ако правиш поврат на данок.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7768 на: 19 Март 2019, 14:30:02 pm »
Мене фискална не ми дадоа туку едно друго ливче (некаква сметка), и уште едно за данокот кое грчкиот цариник го скина на пола, едно за нив, едно за мене.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #7769 на: 19 Март 2019, 14:30:25 pm »

На наша граница немаш никакви обврски за документација.
Ако сакаш да платиш кај нас царина и данок, пријави што си купил. Ако не, не пријавувај. Твоја одлука.


Јас вапот кога го земав од Лерин (околу 200 евра) имав заебанции со нашиве на Царина - документот за повраток на данок не им бил валиден доказ и ми бараа да сум покажел фискална сметка :)

Може грешам, ама не се сеќавам некогаш кога сум барал повраток на данок да ми дале фискална сметка од продавницата.


Те сетија дека не си битолчанец.
;)