Напротив. Тоа е заради 3 дена стендбај времето и се приметува. Инаку едвај направив андроид систем да не троши скоро ич како што е сега и да отиде дури под Цел сигнал.

Инаку го користам за месенџер, хром, тапаток, (тинфоил фор фацебоок), воцап, вибер, скајп, инстаграм, сонитв, јутјуб, навигација, дропбокс, серии... итн. Основни програми за прибирање информации, без игри.
Андроидот (смрден каков што е) уствари ги пика повеќето работи во андроид систем и затоа само он се гледа. Наместо културно да знаеш која апликација колку те ошурила, кога работат во позадина само андроид систем се трупа. Ако ја исцицам за еден ден 7-9 часа скрин тајм ќе искочат и приграмчињата кои трошат зошто нема да има толку стендвај тајм.

Сега на одмори ќе одам па може ќе бидне и таква некоја фотка. Иако тешко сепак.
