tekstov e

) ama eve i kajnas veke ima info
http://faktor.mk/archives/26865Јубилеј за Шкода: Произведени 15 милиони возила!
05/02/2013 // Пред 4 часа // ШТО МИСЛИ СВЕТОТ // Коментирај
Шкода денеска го произведе својот 15-милионити автомобил. Јубилејното возило кое од производствената лента излезе денеска ќе се користи како ВИП возило и е сребрена Октавија од трета генерација, посочуваат од најголемата чешка автомобилска индустрија „Шкода Ауто“ која со работа започна далечната 1905 година.
Интересно е што на почетокот на минатата година „Шкода“ го славеше производството на 14-милионитиот автомобил. Само во последните шест години од погоните на „Шкода“ се излезени околу пет милиони автомобили.Според плановите, фабриката од 2018 година ќе продава најмалку 1,5 милиони возила.
За годинава, иако сеуште не е официјално потврдено, компанијата би можела да ја и новата каросериска верзија на моделот шкода- рапид, како и спортска варијанта на познатата Октавија.