На берзата во Лондон цената на европската „брент“ нафта се намали за 1,41 долар на 101,35 долари за барел!
Цените на нафтата денеска продолжија да се намалуваат под притисок на должничката криза во еврозоната и падот на личните приходи во САД, што најавува пад на побарувачката на горива во најразвиената економија во светот.
Нафтата за терминска испорака во ноември на Њујоршката берза се поевтини за 1,17 долари на 78,03 долари за барел, откако во петокот нејзината цена забележа пад од 2,94 долари или 3,6 проценти на 79,20 долари за барел. Ова беше најниска цена од 29 септември 2010 година.
На берзата во Лондон цената на европската „брент“ нафта се намали за 1,41 долар на 101,35 долари за барел.
Денешниот пад на индексите на азиските берзи претставува уште една причина за намалување на цената на нафтата, исто како и јакнењето на доларот.
Податоците, објавени во САД покажуваат продолжување на економските тешкотии во земјата во време на традиционално забавување на побарувачката на нафта по завршување на туристичката сезона.
Американското Министерство за трговија соопшти дека Американците заработуваат помалку, што може да ја намали вкупнта потрошувачката, вклучително и побарувачката на нафта