па и претходниот (Ш1) вадеше такви бројки. кај него просек беше 11. на ова просек му е 12,5... исто возило се исто дури и плинскиот уред е ист (го извадив од Ш1 го монтирав на Ш2) автоматик и тоа и ова, ама ова троши 12,5 а не 11. и неможам да нјадам логичен одговор зашто. повремено со лош плин кога ке ми се погоди или кога ме фаќаат “улавите“ со возење знае да покаже и 14 ама тоа е 1 боца на 20 да речеме. и со Ш1 знаеше такви испади да се десат одвреме навреме...
одржувањето ми е кај исти мајстор, свекици кабли и останати тракаташки се исти како и на Ш1... да се разбереме, не дека се жалам... 12 литри плин за толкава кола со тој мотор е одлична бројка... ама ете ме јаде црвот и прашањето што беше толку различно на таа кола во однос на оваа а исти коли комплетно...
ке откријам, само да си ослободам време малку, имам слики од монтажата од претходното и од ова ке ги компарирам и ке откријам каде лежи зајакот... додуша оваа е малку по моќна. таа имаше бајаги поише пројдено, па можда и во тоа е изворот на разликите.
едит...
ми текна една разликата сега... тој мотор беше предвиден и направен за метански уред фабрички. по литератури што ги најдов, тој мотор е фабрички направен со поголема компресија. друг материјал се и клипови, карики, хилзни... брегастата е по остра, и клипот иде за цели 1,5 милиметри поблиску до главата (кога работи) одошто на овој мотор. сигурно во тоа е разликата.. поголема компресија=поголема експлозивност=помала потрошња.