Сеа полнев на Лук Оил, и не заприметив дека е 39,5. Му викам на продаачот, дојде зима и почнавте со качување на плинот. Тој ми одговара дека е тоа затоа што имаат строга регулатива за односот на смесата што ја нудат. Притоа ми спомна дека плинарите како Нас Гас и слични, манипулираат со смесата и на сметка на тоа додаваат и ацетон за да ја зголемат експлозивноста која всушност е многу послаба од нивната и таа на МакПетрол. Колку е вистина не знам...
Пај јас мислам дека ти држи муабетот затоа што на лук оил и на мак оил повеке поминувам
на плин одколку на нас гас така да несто има или во смесата или во крадењето
немојте вакви глупости да тресете бе ало... литро ацетон кошта 180 денари...
можда си начул ацетилен, ама врска нема ни тоа...
поентата е различна смеса. нас гас не ја прави смесата. нас гас увезува, цистерната доаѓа, точи во резервоарите главни и тоа е тоа.. каква смеса какви ацетони, какви бакрачи... значи смесата е една прикаска и плинскиот уред треба да се калибрира според смесата т.е. издувните гасови на тоа што го користиш како погонско гориво... фино лепо идеш на нас гас, туриш цела боца, идеш кај монтерот на плин, тура он џекот од компјутерот кај тебе на кола, три пати клика ентар, 30 секунди и завршена работа. тоа е решението наместо туак на форуми да трскате онакви работи.. ацетони, еднаш сум слушнал од некого и дека турале алкохол, кој исто така е тројно поскап од плинот и незнам какви ти се не глупости се изнаслушав...
јас турам од нас гас, и си влече одлично, потрошња имам ТОП... ако турам од било која друга станица ми троши повеќе... крај на приказната...