Зошто поскапува горивото?
Зошто барел нафта во САД чини 105 долари, кога за негово производство требаат едвај 2 долари? За да можат жителите на членките на ОПЕК да уживаат, а нивните лидери мирно да владеат. Ете зошто.
Најголема причина што цената на нафтата постојано расте, може да се бара во ОПЕК, порачале експертите. Објаснувањето почнува со податокот дека нафтениот картел располага со 80% од светските резерви на сурова нафта.
Сега побарувачката на нафта во светот е поголема од кога било, што се поткрепува со фактот дека во изминатите три децении глобалната побарувачка скокнала за цели 45%. Во исто време ОПЕК го зголеми производството за 19%. Очигледно, бележи NPR, картелот може да произведува повеќе, ама не сака.
„Сакале или не, секојпат кога ќе го наполнат возилото со бензин Американците даваат околу 6 долари во `фондацијата Спаси го Кралот.` Парадоксално, но принудени сме да финансираме социјални програми на странци, дури дома жестоко дебатираме за укинување на социјални погодности. Картелите, по дефиниција, постојат за да го максимизираат профитот на своите членки, а ОПЕК тоа го прави маестрално,“ бележи NPR.
повеќе на
http://on.net.mk/vesti/svet/zoshto-poskapuva-gorivoto