> * Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првиот македонски султан и ќе ме викавте Величенствениот
> * Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 98, што стои закопано позади куќата“
> * Одеднаш томос со педаљи изгледа како тотално практична ствар
> * DHL купија нови 300 точаци од Вучко
> * Трките на водно ќе се одвиваат во Ентернет на NFS: Run
> * НЛБ тутунска има нов наменски кредит за полнење резервар, со рок на одплаќање 40 години
> * Гирадико за порачки со достава до дома ќе овозможат плаќање на рати
> * Иронија. Имаш пари да купиш 3 коли, немаш пари ни у една да ставиш бензин
> * Ако се сјебеш и свртиш круг повеќе на кружен тек, отидоа 500 денари у вода
> * Порано фраерите частеа на шанк. Сега на пумпа. „Прати и 100 милилитри на малава“
> * Омилен парфем? Безоловен 95ка
> * Порано возење со кочија беше романтика. Сега е неопходно
> * Порано моторот го пунев со 130 денари. Се за 500 може само да ми пљукне во резервар
> * Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти ваучер од Макпетрол да видам јас...
> * Муабет у ванила: Срце, имам пун резервар. Сакаш да видиш?
> * Макпетрол е новиот Сваровски
> * 25 евра авионска карта за до Венеција. - 50 евра бензин во Пежо за до Драчево
> * Што е главната дилема на возач на југо? Да наполни резервар или за исти пари да купи Мерцедес!
> * 1м2 = 1евро = 1/2л бензин
> * Палење кола ти е 20 денари. Ако те фати црвено на мавровка, отиде платата...
> * Сега фраерите по број на турирања на семафор се познаваат