Регулаторна цените ги одредува по формула, нема простор за манипулација, два клучни фактора (курс на долар и цена на нафтата на светска берза- мислам ние сме врзани со Лондонската берза ако не сум грешка).
Она другото, акциза (што ја накалемија на дизелот заради „почист“ воздух), ДДВ, маржа, транспортни трошоци, ги одредува државата (владата) и само тука може да се интервенира, доколку сака нормално, ама пошто буџетот е пробушена дупка, тоа нема да се случи.
Делумно е точно ова, мислам за рајава да ја лажат супер е формулирано.
Има простор за додавање/одземање инаку немаше да постои регулаторна, ќе си имаше формула и ќе се дефинираше цена без еден куп вработени.
Прво нешто што прават криминал и пљачка на народ е што при намалување на цената на берзата, не прави корекција на цената веднаш, туку тек по 1-2 недели а можеби и месец, зависи, ќе спушти некој денар.. Е сега, ако се зголеми цената на берзата, корекција прави од полноќ.
Тука тешки милиони се во игра, а ги плаќаат фирмите/рајата.
А другиве работи пресметка ДДВ на 100 денари и на 50 денари дека не е исто и трошоци за транспорт, акцизи, тука не навлегуавме. Тоа е башка муабет.