Се изгубе регулаторна. Цената на берзите паѓа овие уште ги поскапуваат горивата:
Согласно член 8 став (3) од Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на
одделни нафтени деривати и горива за транспорт (“Службен весник на Република Северна Македонија ”
бр. 108/20, 133/20 и 49/22), малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не
се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на
највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 95,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 3,00 денари/литар, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 97,00 ден/лит