Се надевам дека ќе се смири ова со кризата и нафтата во скоро време затоа што нема да биде лесно. Денеска неофицијално, набавната на дизелот е 95 денари, Владата брза да ја намали акцизата за 10 денари, за да овие 2-3 дена цената остане околу 85 денари, за понатаму тешко е да се прогнозира. Регулаторна си го помина Правилникот за да може на дневна основа да ги одредува цените, само чека да се објави во Службен весник.