Сплет од околности во светот, најкраткото објаснување е дека општо е порасната цената на енергијата (во случајов и на плинот).
Подолго објаснување, на кој му се чита:
https://invesbrain.com/what-on-earth-is-going-on-in-commodities-morgan-stanley-explains/Плус кога ќе се земат во обзир и задолжителните геополитички заврзлами, и прилично сигурно можеме да претпоставиме дека зимава цената на плинот уште повеќе ќе расте.
https://www.zerohedge.com/markets/iea-demands-russia-deliver-more-gas-reeling-europeНакратко, Русија гледа да го промовира/профункционира Северен поток 2 и официјално да биде обезбеден со дозволи. Русија си ги исполнува договорите и обврските ама резервирана е само третина од капацитетите на гасоводите низ Украина и Полска... ЕУ или ќе го ратификува Северен Поток 2, или зимава ќе има смрзнување и голем недостиг на енергија.
Компликациите на ЕУ се комбинирани со фактот дека има малку генерирана електрична енергија летово заради слабо дување на ветер и неработење на ветерниците, и сето тоа во комбинација со зголемената потрошувачка на струја за ладење на домовите во топлото лето - што довело до рекордно ниски резерви во капацитетите за складирање на гас во Европа, посебно во западна Европа.
Да не заборавиме и на филмот со ЕУ „да се декарбонизираат“ со обновливи извори, електрични аута, кога струјата во голем дел им се генерира од природен гас, итн.

Според сите случувања, ќе скокне и овде цената на струјата (а со тоа и на еден куп други работи што се поврзани), пошто во ЕУ веќе е прилично скокната а ние овде сме прилично зависни од увоз.
Цените:
