Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1873728 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1729
Одг: Цена на горива
« Одговори #9840 на: 01 Септември 2021, 13:51:50 pm »
Голем број од резервоарите имаат неправилен облик, кривини, грпки и плус самата цевка од резервоарот до капачка горе и поради тоа собира повеќе или помалку гориво од пропишаниот податок во упаството на колата.


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Цена на горива
« Одговори #9841 на: 01 Септември 2021, 13:51:52 pm »
Да му наточеле 45/6 ќе беше проблем. Вака прашање е колку е веродостоен тој борд? Еднаш толку ми светеше тој борд на две секунди low fuel low fuel, почна да свири бла бла, реков готово ме остаде колава на првата раскрсница, стрелкана под нула, ова вришти, одам на бензиска 6 литри бензин имав. Теоретски 100км да возам :) Така да од едно мерење, на еден човек, на еден борд, да се извлече заклучок дека го украле и дека сите ги крадат, е малку преекстремно.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15256
  • Пудингот на шоферството
Одг: Цена на горива
« Одговори #9842 на: 01 Септември 2021, 14:13:25 pm »
Се отвора сомнеж,никој не потврди дека крадат.Тоа треба да се докаже.Члебот си кажа негово искуство за да бидите претпазливи и можеби и вие истото ќе го "вкусите".
Јас кажав еден можен начин итн.итн.
На мала литража не се осеќа,ама на голема се осеќа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Цена на горива
« Одговори #9843 на: 01 Септември 2021, 14:17:28 pm »
Така де, сомнеж. Јас мислам е неоснован. Ти и членот мислите дека е. Најдобро, нека наполни уште еднаш, па истата секунда да звони во пазарен инспекторат или кај и да се звони и на лице место и проверки и се. Ако е вистина, ќе не спаси и казна ќе попушат голема, вака многу е шпекулативно. Од тој сомнеж и јас избегавам и окта и макоил и као најсигурно макпетрол и ретко лукоил. Ама од кај сме сигурно дека и тие не прават лоповски работи? Така да верба немам во ништо и никого. А секое предупредување е добродојдено. Само што доказ - Борд, не ми е веродостојно. Покажана фискална со 60 литри, а колата собира 45 е преверодостојно.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Цена на горива
« Одговори #9844 на: 01 Септември 2021, 14:28:09 pm »
Најдобро нека појде со две туби од по 25 литри за викенд и нека му наточат повеќе од 50 литри. Тоа е наједноставно.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Цена на горива
« Одговори #9845 на: 01 Септември 2021, 14:29:40 pm »
На i10kata кога ќе светне резерва, милион пати сум наточил 28/29 литри, никогаш преку 30литри. Резервоарот е 35 литри

На i30kata кога ќе светне резерва, исто така не сум наточил преку 47 литри. Резервоарот е 52 литри.


Доколку ми наточат 3-4 литри повеќе, и тоа како ќе имам сомнеж, за докажување сметам дека ќе оди малку потешко за толкава мала разлика, а и не знам дали ќе имам нерви за тоа.

Претежно луѓето ретко танкаат до врв, и не можат да приметат дека не е во ред танкирањето.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Цена на горива
« Одговори #9846 на: 01 Септември 2021, 14:34:16 pm »
Не мора ти ништо да докажуваш си има пазарна инспекција која е платена да врши редовна проверка на исправноста на пумпите. Сепак мене не ми е верно некој да е толку нездрав во центар на Скопје да прави такви далавери на очите на конкуренцијата, се работи за центарот на Скопје а не за селска пумпа во Зајас или Врапчиште.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15256
  • Пудингот на шоферството
Одг: Цена на горива
« Одговори #9847 на: 01 Септември 2021, 14:37:11 pm »
2 дена "раштелована" во центар на Скопје е подобро од 1г во Зајас или Врапчиште. ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Цена на горива
« Одговори #9848 на: 01 Септември 2021, 14:42:49 pm »
Да ако си Макпетрол или Лукоил. Другиве помали немаат толку гужва. Можеби со право, можеби не, кој знае. Кај систина, на макоил кога точев во јули бевме 2-3ца во моментот, подолу на Лукоил преку 10 коли имаше. Така да...

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Цена на горива
« Одговори #9849 на: 01 Септември 2021, 14:44:18 pm »
2 дена "раштелована" во центар на Скопје е подобро од 1г во Зајас или Врапчиште. ;)
А во меѓувреме менаџерите од Макпетрол и Лукоил пијат дизел или 95ка наутро место кафе? Има да ги затрупаат со земја, камен на камен од нив да не остани.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Цена на горива
« Одговори #9850 на: 01 Септември 2021, 14:46:47 pm »
Ако беше Макпетрол доволно моќен да исцица 18 милиони евра од државата за гасоводот ќе дозволи некој Макоил од него будала сред Скопје да прави?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15256
  • Пудингот на шоферството
Одг: Цена на горива
« Одговори #9851 на: 01 Септември 2021, 14:48:36 pm »
Менаџерите работат од дома поради ковид мерки  ;D
И гледаат на сметка да легни платата,не дека нешто многу се потресуваат. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Цена на горива
« Одговори #9852 на: 01 Септември 2021, 18:56:35 pm »
Менаџерите работат од дома поради ковид мерки  ;D
И гледаат на сметка да легни платата,не дека нешто многу се потресуваат. :)
Работата на менаџерите не е да шетаат по пумпите и да пријавуваат на пазарна инспекција, за таа работа има други луѓе и тие работат независно дали има ковид, снег, дожд и слично. А платата од небо не паѓа и да видиш како се потресуваат ако некој почне да им ги расипува сметките. Јас лично неколку пати сум видел како на пумпите се врши контрола на прецизноста на апаратите за точење. Доаѓа приколка со посебни садови со мерни скали кои се користат за проверка на прецизноста на уредот и ги полнат. И после баба лажи трап не лажи.
« Последно менување: 01 Септември 2021, 19:01:51 pm darkomic »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15256
  • Пудингот на шоферството
Одг: Цена на горива
« Одговори #9853 на: 01 Септември 2021, 19:21:28 pm »
Верувам,јас досега немам начекано контрола,а голем дел од животот имам поминато на пумпа ама тоа не значи дека не ги контролираат.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Цена на горива
« Одговори #9854 на: 01 Септември 2021, 19:51:00 pm »
Не дека слепо верувам во се што ќе се напише и од какви побуди е напишано...но како се во државава што функционира кампањски во однос на контролите, не би ме зачудило дека некој нашол цака во дадени моменти (денови) да прави дубари со 50 милилитри на 1 литар.

Пак ќе напоменам дека ако резервоар на резерва не се дополни до врв, и се немало претходна пракса на таквото дополнување, ќе остане неприметно.