Лани ја качија нафтата за 3 денари дека многу и падна цената заради Ковид и не ја вратија старата цена, сега се планира плус 4 денари. А на ова налетав, не знаев дека во април ја качиле акцизата за 2,3 денари :
„Царинската управа ги известува производителите, увозниците, трговците на големо и трговците на мало дека на 06.04.2021 година донесен е и објавен во Службен весник бр.77/2021 Закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, кој стапи на сила веднаш.
Согласно наведеното, разликата во акцизата која треба да се доплати изнесува:
- Еуросупер БС 95 - 0,308 ден/лит,
- Еуросупер БС - 98 - 0,308 ден/лит,
- Еуродизел БС (D-E-V) - 2,379 ден/лит,
- Екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ - 11,18 ден/лит“
Приметив дека дизелот скокна за година дена, малку по малку.
Работата е што ова со акцизата, струјата, водата ќе допринесе за инфлација, сите цени одат нагоре, платите ќе ни вредат помалку.