Конкретно ти смета што плаќаш повеќе за бензин или помалце за дизел ?
@BraneMKD @Dodo Ми смета што на државата ѝ оставам различно пари за ист продукт - нафтен дериват користен како погонско гориво. Пазарната цена не ја коментирам каква е - таква е, пазарот диктира. Различните давачки ги коментирам. Замисли батерии од 1.5V AA да се со 5% данок, а 1.5V AAA да се со 18% данок. Едно од тие две не е ок, кое - нека си реши државата. Дали не е ок што дизелот е помалку оданочен или бензинот што е повеќе оданочен.
Ти одговорив и тоа. Таква и била среќата и околностите. Неможе за сите се да е исто, при различни фактори (Дизел, Бензин).
Неможе во се да се бара еднаквост.
Јас за да отидам на лекар за било каква по озбилна интервенција морам да дадам 240 ден за патарини + гориво. Тој што живее во Скопје може да стаса за 15 мин со 700 ден помали трошоци. Ама затоа тој плаќа поскапа кирија, давачки и слично од мене, вака може до подругиден да си поставуваме прашања зошто е воа вака а ноа нака. Се си има плус и минус и никогаш нема се да биде еднакво. Ти примарно возиш кола на аристократско гориво кое е помалце користено и за сметка на тоа е поскапо, другата кола ти е на поефтино гориво но за сметка на тоа е трактор, јас исто возам трактор и плаќам за нијанса помало гориво. Нема крај воа.
Може, и треба да се бара еднаквост во продукти кои имаат еднаква намена.
Повторно не соодвествува примерот со место на живеење. Дали ти леб и млеко плаќаш поефтино од мене во скопје? Дали зејтинот е поскап затоа што живеам во скопје? Дали, ти пошто живееш надвор од скопје плаќаш различна цена во апрека за лекови? Во Скопје, некои работи можеби се поскапи, но тоа не се работи кои се под директна ингеренција на државата. И ти во твоето место на живеење и јас во моето место на живеење, кога ќе отидам на матичен доктор, партиципацијата е иста. И ти кога вадиш пасош и јас кога вадам пасош, иста такса плаќаме, исти пари даваме. Јас кога плаќам регистрација истите давачки ги плаќам како и ти. Но, ако купам бензин, државата ми репа 120% од пазарната цената на дериватот, додека ако купам дизел, тогаш државата ме репнуе со само 80% Фер? Ако ви е фер - ок...
Ако ми кажете една реална причина зошто кога возам на дизел ѝ плаќам помалку на државата отколку кога возам на бензин - ќе ги повлечам своите ставови дека не е фер. Само една. Да повторам, Не сум земјоделец, превозник, теаксист, или сл. Сум Симо со една кола на бензин една на дизел.