Не ми беше тоа поентата. Америка е конвенционално-воено и економски најјака, но сепак не се „курчи“ на сите, туку само на некои.
Норвешка има нафта колку сакаш и геостратешка позиција фантазија, но и долга историја на крвави етнички војни со сите соседни народи, па не гледам дека таму идат да финансираат разноразни национал-шовинисти и после да шират „демократија“.
Чехословачка исто беше на многу важна геостратешка позиција, исто има „традиција“, па се подели мирно, без „ќе ти извадам очи, на мамата со нож у центар војна“.
А ниту Норвешка ниту Чехословачка не можат воено ниту економски да и се спротивстават на америка.
Па се прашувам: кое е тоа својство кое го имаат на пример норвешка и чехословачка, а го немаа на пример југославија и либија? Америка е појака од сите четири примери, но одлучи да покаже сила само кај 2 од овие 4. Се прашувам зошто. Не тврдам ништо, се прашувам.