Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1587997 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44565
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #6105 на: 12 Декември 2014, 09:57:20 am »
епа гледај го ти амди и уживај во неговите прослави, јас пишав дека конечно имаме една реална информација , јас сакам да ја доловам реалната ситуација , ама има многу луге што размислуваат како тебе , најниска цена имаме , добро е , има и полошо затоа и сме таму кај што сме
Каква реална информација?! Цена на барел на берза е една работа, пазарна цена на дериват е друга работа. Имав претходно енда убава пресметка, погледни ја неколку страни нанапред. Дури и да ни` поклонува некој деривати по цена од 0 денари, пазарната цена ќе биде 36-7 денари на литар бензин. Дури и да е гратис барел нафта за рафинериите, постои трошок за рафинирање и доведување до ниво на нафтен дериват. Едноставно, цената на барел нафта на маркетите, не е единственото мерило за цената на дериватот на пумпа.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8267
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Цена на горива
« Одговори #6106 на: 12 Декември 2014, 09:59:54 am »
Мене ме интересира дали сега ќе се стрчаат да поевтинат се, како што искршија нозе за да поскапат се кога поскапеа горивата?

Отсутен passanger

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
  • [O__o]===[][]===[o__O]
Одг: Цена на горива
« Одговори #6107 на: 12 Декември 2014, 10:01:35 am »
во право си вози мишко
Сите шмркаат , никој не е настинат ?!

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44565
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #6108 на: 12 Декември 2014, 10:17:48 am »
Еве го постот со пресметката:

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,72.msg723832.html#msg723832

Според таа пресметка е и овој заклучок:

Како што реков, бакшиш да ни` ги поклонува некој дериватите, државата ќе си лапне 33-4 денари од секое литро. Значи, едноставно, не ни помислувајте дека некогаш ќе биде 30-40 денари :) 60-65 за литро бензин, тоа е минимумот што може да го очекуваме.

Се` дур не реши државата да олабаи со акцизите, нема шанси да видиме поефтино гориво од 1 евро.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Цена на горива
« Одговори #6109 на: 12 Декември 2014, 11:10:31 am »
епа гледај го ти амди и уживај во неговите прослави, јас пишав дека конечно имаме една реална информација , јас сакам да ја доловам реалната ситуација , ама има многу луге што размислуваат како тебе , најниска цена имаме , добро е , има и полошо затоа и сме таму кај што сме

Абе каква реална информација, ете ти линк... Според тебе реална информација е дека "цените во соседството кои беа и повисоки од кај нас , сега се исти а некаде дури и пониски"??? Што е тука реално? Ете ти линк кајшто вика дека кај никој не е поефтино од кај нас. Кај е тука реалното? Нема реална и вистината информација во македонски медиум.

Отсутен passanger

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
  • [O__o]===[][]===[o__O]
Одг: Цена на горива
« Одговори #6110 на: 12 Декември 2014, 11:17:43 am »
што се фаќате со тоа соседство таму пишува дека се скоро исти а некаде поефтини пример босна, ама тоа на страна
целата работа нема логика а кога нема логика нема ни математика , ај еве ви школски пример и веќе не се убедувам и не коментирам

суровина на производ 100 денари , трошоци за производство 30 денари, давачки кон државата акцизи и ддв што се процентуално врзани 50% значи од 100 денари добиваме 50 денари и твојот ќар од 20 денари добиваме 200 денари готов производ.

суровината намалена за 50 % е 50 денари , трошоци 30 денари, 50% давачки за држава од 50 денари = 25 денари и ќарот 20 денари добиваме 125 денари значи близу 40% поефтинување

суровина 50% готов производ 40% поефтинување
барел нафта 50% намалување , кај нас еве 20 %
Сите шмркаат , никој не е настинат ?!

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Цена на горива
« Одговори #6111 на: 12 Декември 2014, 11:37:57 am »
Treba da odat pod 50denari benzinive.duri togas ke recam deka e evtino.ova e seuste skapo zemajki ja vo predvid naftata na svetskata berza

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44565
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #6112 на: 12 Декември 2014, 11:41:23 am »
Само ако реши државата да се „опрости“ од дел од давачките (акциза), која во моментов е 22 денари за бензин, 12,5 денари за литар дизел.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Цена на горива
« Одговори #6113 на: 12 Декември 2014, 11:43:12 am »
За почеток има грешка во математика... процентот за државата се пресметува на готов производ, а не пред да се стават трошоци и ова и она... така да, грубо кажано искача дека на 50% намалување на суровина ке има околу 30% намалување на готов производ. Пресметај (100+30+20)*1,5 = 225 и (50+30+20)*1,5 = 150. 225-150=75, а 75 е 33% од 225, односно една третина. Е сега, цената не е 50% намалена, јануари 2014 просечната цена била 106 долари, во декември просечната цена е 68 долари, односно за 35 проценти пониска. Цената на дизелот во јануари била 68,5 сега е 60 денари односно 15% е намалена. И пак да кажам дека ова е груба математика, дополнително што ддв-то е процент, а акцизата е фуксна сума по литар, така да ке се доближи тоа 15% до 30%, али нејсе... Неколку пати го имам ова објаснувано и елаборирано и секој може да си ја прати цената на нафтата, ама пак... глејте си вие канал 5 и сител и чекајте они да ви кажат.

П.С. Незнам зашто сите се водат од цената на нафтата во америка, кога ние ја набавуваме преку лондонската берза и има значителна разлика во цената.

А еве линк кој сака не гледа како се движела цената на нафтата
http://www.forex.com/uk/currency-pairs-public-charts.html

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Цена на горива
« Одговори #6114 на: 12 Декември 2014, 12:03:48 pm »
А доларот што е покачен за 20-25% ?

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2816
Одг: Цена на горива
« Одговори #6115 на: 12 Декември 2014, 12:09:42 pm »
Па јас реков дека е ова груба математика, има повеќе параметри, а дека не е само нафтата падна за 50% а нас не ебат само 15% ни ја спуштија... нити паднала 50% нити па така се пресметува цената, единствено точно е дека не ебат и тоа на повеќе полиња истовремено.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #6116 на: 12 Декември 2014, 14:05:41 pm »
Ајде по стоти пат за тие што мислите дека знаете доволно или дека ве краде државата (освен акцизата) еве ви пресметки за уназад 8 години па да ви се разјаснат некои работи, не се понашајте тука како некои опозиционери кои дрндаат само на празно. Бујрум математичари да ви се разјаснат работите дека не е само цената на барелот главна за цената на горивото кај нас, според мене главна е цената на доларот.
http://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=51

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6624
Одг: Цена на горива
« Одговори #6117 на: 12 Декември 2014, 14:51:26 pm »
Treba da odat pod 50denari benzinive.duri togas ke recam deka e evtino.ova e seuste skapo zemajki ja vo predvid naftata na svetskata berza
Све убаво си напиша и на крај ја поеба работата. Луѓе не е тешко да одвоите 15 минути и да научите како се пресметува цената на горивата.
Ајде по стоти пат за тие што мислите дека знаете доволно или дека ве краде државата (освен акцизата) еве ви пресметки за уназад 8 години па да ви се разјаснат некои работи, не се понашајте тука како некои опозиционери кои дрндаат само на празно. Бујрум математичари да ви се разјаснат работите дека не е само цената на барелот главна за цената на горивото кај нас, според мене главна е цената на доларот.
http://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=51
Јас мислам и по милионити пат да им докажеш со факти дека цената може и самите ние да ја пресметаме ама тука толку тврдоглавост или по мое мислење мрзливост да се прочита/научи нешто ново е тоа е чудо едно, сите се фатиле за цената на барелот ако е 30% помалку денес тоа автоматски значи од понеделник цената на дериватите ќе биде 30% помала?!?! Владата е крива, не ебеле, не силувале, wtf  :D Не, има и други параметри. Можеби ќе биде 5% помала ама може некогаш ќе биде 35% помала. Еве и од мене уште еднаш линкот од погоре.
http://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=51

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Цена на горива
« Одговори #6118 на: 12 Декември 2014, 15:40:58 pm »
Еве колку ќар има државата од бензинот - ова е статија во дневник во 2012 година.

Така, на пример, цената од 85,5 денари, колку што од вчера чини „евросупер БС’ од 98 октани, според Регулаторната комисија за енергетика, се формира приближно вака. Рафинериската цена на „Окта“ изнесува 46.096 денари. Давачки што завршуваат во државната каса се следните: за животна средина - 0,080 денари, за задолжителната резерва на нафта - 0,890 денари, потоа акцизата, која за овој вид гориво е 21.692 денари и на крајот данок на додадена вредност од 18 отсто кој во случајов изнесува околу 13 денари. Бензинските пумпи, пак, плаќаат по половина денар од литар за транспорт и имаат маржа од 3,2 денари. Ако се направи груба математика, излегува дека државата ќарува по 35,5 денари од литар „евросупер БС“ од 98 октани. Пресметките се приближно исти, со мали разлики и за другите видови бензини и дизелот.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Цена на горива
« Одговори #6119 на: 12 Декември 2014, 15:48:16 pm »
Еве до 20 март 2006 година колку чинел барел нафта и колкав бил курсот на доларот:


Цените биле 64 со 61 за бензинот и 53.5 нафтата.

Еве до 1 декември 2014 колку чинел барел нафта и курсот на доларот.


Цените се 70 со 71.5 за бензините и 60 за нафтата.