Цените се зголемуваат за 1,50 ден/лит
во однос на цените утврдени со Одлуката од 7.04.2014 година. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 79,50 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,00 ден/лит. Малопродажните
цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит
во однос на цените утврдени со Одлуката од 7.04.2014 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1)
изнесува 55,50 ден/лит.