Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/лит,
во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 30.07.2012 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 86,00 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит. Малопродажните цени на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во
однос на цените утврдени согласно Одлуката од 30.07.2012 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 73,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,176 ден/кг, во однос на цената утврдена
согласно Одлуката од 30.07.2012 година. Така цената на М-1 НС изнесува 46,195 ден/кг
toa e toa...