Поскапува бензинот и дизелот
Од утре цената на бензините ќе се зголеми за 2,5 денари а на дизел горивата за 3 денари по литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 81 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (D-E V) ќе се продава за 70,50, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за 2,061 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој сега ќе чини 41,626 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 7,89 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период и за 1,66 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
/www.kanal5.com.mk
Уше 0.5 денари ( се вратив на 95 ка ) и државата ќе изгуби еден од најголемите потрошачи на бензин по километар