Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1373020 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Цена на горива
« Одговори #11760 на: 06 Септември 2023, 22:55:47 pm »
@nestor04 Јас колку што сум упатен, колата не може да троши исто плин и бензин. Секогаш е 1 до 2 литра помала потрошувачката на бензин. Ама нејсе, и со толку е па поскапо.

@Tischläufer и според тебе, пунто 2 или спарк е поефтино за експлоатација и секојдневно возење во град.
Спарк треба да е поефтино. Поефтина е колата, поефтина е регистрацијата, полесно наоѓаш паркинг и помалку дефекти, веројатно.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Цена на горива
« Одговори #11761 на: 06 Септември 2023, 23:37:31 pm »
@nestor04 Јас колку што сум упатен, колата не може да троши исто плин и бензин. Секогаш е 1 до 2 литра помала потрошувачката на бензин. Ама нејсе, и со толку е па поскапо.

@Tischläufer и според тебе, пунто 2 или спарк е поефтино за експлоатација и секојдневно возење во град.
Просечната е таа.
7 отворено 12 градска плин, просек 19/2=9.5
6 отворено 11 градска бензин, просек 17/2=8.5
И со оваа пресметка пробај, пак излегува голема разлика на 10.000км.

Еве со денешни цени да не се мачиш:
За 10.000км со просечна потрошувачка од 9.5л/100км на плин се потребни 40375 ден.
За 10.000км со просечна потрошувачка од 8.5л/100км на бензин се потребни 73950 ден.
Разликата е 33575 или 45.4% поевтино на плин.
Еве пример дизел истото возило, коњажа слична.
Опел астра г 2.0 дти 82кс (од тоа што ми кажал роднина, ја имавме во фамилија долги години, од нова):
Потрошувачка 5.5 отворено, 8 градска (до 10 зимно време незагреана) просек 13.5/2=6.75
За 10.000км со просечна потрошувачка од 6.75л/100км на дизел(нафта) се потребни 54675 ден.
Разликата е 14300 ден или 26.1% поевтино на плин.

*Со ова не убедувам никого, можеби споредбата ми е со стари возила и новите дизели се поекономични и вадат околу 6л просек, од. @filipv вади 3.6, но има и економични бензинци (атмо и турбо). Сепак пак напоменувам ова е чисто информативно и весела математика, дебата може да има голема околу ова, кој сака дизел, кој сака бензин, чисто тука само трошок за гориво е предметан информативно, не е некоја јака математика сепак.*

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг: Цена на горива
« Одговори #11762 на: 07 Септември 2023, 22:00:22 pm »
Не ми штимаат математикиве мене. Јас имам пунто со 1.2 мотор, комбинирана потрошувачка ми е 7 литри плин и 1 литар бензин за 7000км.

Низ град си лапа дебело над овие бројки, посебно бензин бидеќи релациите ми се од 2 до 5 километри, па моторот не стигнува до работна температура. Ако речам троши 8 плин низ град ќе е лага, бидеќи не го спомнувам бензинот а заминале уште 2-3 литра во бензин.

Поентата ми беше кога веќе се прави споредба за потрошувачка меѓу дизел и плин, треба да се пресмета и бензинот па разликата и не е така голема во споредба со дизел, барем за градска вожња.

Е сега на отворено не троши повеќе од 6.5 литри плин, што по моменталниве цени му доаѓа околу 260 денари на 100км.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Цена на горива
« Одговори #11763 на: 07 Септември 2023, 22:42:23 pm »
Конкретно погоре види правам споредба за ист тип на возило со слична коњажа.
Градска ми троши 11-12 на плин, отворено 7, ако е рамно и 6.
А бензин зимно време бидејќи градска незагреана ја возев ми трошеше 1.36л/100км.
Летно време на плин пали. Моментално на 20тина степени надворешна температура додека поминам 500 метра префрлила на плин и бензин не сум ставил не памтам од кога, нивото си стои исто.
« Последно менување: 07 Септември 2023, 22:48:13 pm nestor04 »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Цена на горива
« Одговори #11764 на: 08 Септември 2023, 02:16:29 am »
Секоја кола приказна за себе, тежина, кубикажа на мотор, атмо или турбо, пренос на менувач дали е со кратки или долги брзини, состојба општо на сам мотор и делови околу него.

Мене фелицијата и во град и на отворено исто ми трошеше, 11-13 литри плин ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Цена на горива
« Одговори #11765 на: 11 Септември 2023, 13:29:06 pm »
Од полноќ:
Бензин 95ка +1 ден.
Бензин 98ка +1 ден.
Дизел +2.5 ден
Новите цени од полноќ се следниве:
Бензин 95ка 88.0 ден.
Бензин 98ка 90.5 ден.
Дизел 83.5 ден.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Цена на горива
« Одговори #11766 на: 11 Септември 2023, 15:35:16 pm »
Врти сучи, стварно ќе дојде до 100-ка бензинот.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Цена на горива
« Одговори #11767 на: 14 Септември 2023, 13:37:05 pm »
Од полноќ:
Бензин 95ка +2 ден.
Бензин 98ка цената останува иста
Дизел +2.5 ден.
Новите цени од полноќ се следниве:
Бензин 95ка 90.0 ден.
Бензин 98ка 90.5 ден.
Дизел 86.0 ден.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Цена на горива
« Одговори #11768 на: 14 Септември 2023, 14:30:42 pm »
Ураа...

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Цена на горива
« Одговори #11769 на: 14 Септември 2023, 14:32:34 pm »
Тежок малер овој нестор.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Цена на горива
« Одговори #11770 на: 14 Септември 2023, 14:43:58 pm »
Ја па кола ќе купувам...

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: Цена на горива
« Одговори #11771 на: 14 Септември 2023, 14:56:56 pm »
Ништо, барај на плин нешто  ;)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Цена на горива
« Одговори #11772 на: 14 Септември 2023, 16:15:23 pm »
Ajde bre 105 denari bese vozevte site sega odma galama. Sipuj si za 2000ka i ne ja misli mnogu koja e cenata.
Imam nekoj insajderski soznanija deka naredna nedela kje odi nadole 0.5den.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5922
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Цена на горива
« Одговори #11773 на: 14 Септември 2023, 16:35:52 pm »
Јас мислам дека чекаат поскапување, па да ја качат 98ката. Од полноќ 95ка 90, а 98ката 90.5, така досега не сум начекал, ни скутер ко возев, ни во шишиња кога полнев, ни додека имам возачка.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Цена на горива
« Одговори #11774 на: 14 Септември 2023, 20:05:57 pm »
Ти возиш на плин. Така да, 1000ка за бензин ќе дадеш, ама 2 месеца го користиш.

Туку, сега гледам, за 2 дена имало второ поскапување, а за да се намали цената, треба 1 недела да помине. Ццц.
Никогаш не вели никогаш.