Денес ме возеше Филип со пунтово некој 30ина километри и јас сум стварно изненаден како иде и колку е стабилно. Никогаш не би рекол дека има само 120кс, барем 140. Ме возеше до кај 215км/ч. Забрзувањето на пунтово е стварно одлично и ме остави без зборови. Исто така и стабилноста ќе ја пофалам, доста кривини фанавме со 180+ каде што пунтово се однесуваше сосема неутрално без разлика на состојбата на патот. Само пофалби за возилцево. Исто така да сведочам знам некаде се каравте за потрошувачка при цела гас, 20.8л/100км е потрошувачката при фул тротл.