„кое е значението што ферари прави шасија и мотор?“
„значението е што ферари е комплетен тим“
„што значи тоа комплетен тим“
„тим што прави шасија и мотор“
Што е тоа што не ти е јасно?
Треба да одвоиш ресурси, тим и време за да развиваш мотор, плус ресурси, тим и време да разиваш шасија за тој мотор.
Тимовите што купуваат мотор тие ресурси што би ги давале за развој на мотор ги даваат за купување на готов производ и се насочуваат само на развој на шасијата.
Предноста во правење на двете работи е што имаш подобра интеграција на процесот, што е последица од подобрата комуникација помеѓу двата тима.
Рено поради тоа мора многу да внимава на оваа комуникација со тимовите кои користат нивни мотори, за да го намали овој хендикеп. Истото важи и за Ферари и Мерцедес во однос на тимовите кои тие ги снабдуваат со мотори.
Значението што Ферари и Мерцедес се комплетни тимови е што не треба да се заблагодаруваат до некој трет за добриот мотор со кој стигнале до некој успех (иако платиле за тој мотор), туку целата гордост останува кај нив.