Нема распламтување на фановите на Ферари, туку на анти Ферари фановите.
На форумов повеќето не се навивачи, туку сеирџии кои си ги дочекале своите 5 минути да им се ситат на фераристите.
И со право, затоа што резултатите на Ферари оваа сезона не се на задоволително ниво, не очајни, не тапа, туку очекувавме повеќе. Сепак Алонсо е втор во генерален пласман a Ферари втор во конструктори (што искрено верувам дека ќе се смени до крајот на сезоната).
Ферари не е Ф1. Во Ф1 се натпреваруваат уште најмалку 10 тимови. Но Ферари последните години е константно конурентен, беше и шампион пред 5 години. Не е дека „јебите се Фераристи за кур не ве бива“.
Ова се години на РедБул. Успеаја луѓето да оформат тим почнувајќи од штрафачот на тркала, преку Њуи, па до Фетел и резултатите се очигледни. Фетел можеби беше зелен и недоквакан пред 2-3 години, но талентот кој го поседува не беше спорен. Сега е созреан и се наоѓа во најдобро подготвениот болид за сезонава (само треба да поработи на елиминирање на YEESSS, thank you boys, за да биде комплетен.)
И фино би било за спортот да се постави основа и да не се менуваат правилата на кој кога ќе му затера.
На таа основа да се види кој каде ќе биде после 3-4 сезони. (се сеќава некој на Brown GP?)