Автор Тема: Formula 1 - Season 2013  (Прочитано 302825 пати)

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2400 на: 17 Септември 2013, 20:16:20 pm »
статистички гледано Шумахер е број 1 пилот во историјата, но тоа не го прави најдобар бидејќи резултатите ги постигнал во негово време и поради тоа тие не можат да се мерат со резултатите на другите возачи. во глобала тој може да се мери со оние против кои се тркал, а тие пред и после него не ја добиле можноста да бидат „поразени“ од Шумахер и затоа не може да се одреди кој е најдобриот на сите времиња.

многумина ќе кажат дека тоа е Сена, но тоа е така бидејќи имал најголем број на фанови. повторно и тоа не е мерило кој е најдобриот.

сакам да кажам дека најдобриот пилот не може да се издвои... коментарите на Маса се едно, но не значи дека нема вистина во нив бидејќи тој споредува два возачи со кои возел во неговата кариера. поради тоа на него му е полесно да каже кој е подобар, а кој не... а дали во изјавата има некакви „симпатии“ кон едниот, тоа ние не можеме да го кажеме. најдобро си знае Маса што мислел кога дал таква изјава и со која успеал да испровоцира голем број на Ферари фанови!

ако не го бива на патека, не значи дека не го бива да дава изјави со кои може да направи поделба кај фановите на ферари. :D
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2401 на: 17 Септември 2013, 20:36:42 pm »
многумина ќе кажат дека тоа е Сена, но тоа е така бидејќи имал најголем број на фанови. повторно и тоа не е мерило кој е најдобриот.

Сена е, сепак, посебен случај, бидејќи Сена го сметаат за најдобар токму возачите на формула 1, а нивното мислење - ќе се согласиш - е по меродавно од она на фановите.

Гледај од 2:12


Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2402 на: 17 Септември 2013, 20:49:01 pm »
бил посебен случај во тоа време... но, не и во денешново или времето пред него! што би кажале за Фанџо кој бил киднапиран и пуштен непосредно пред стартот на трка... и успеал да победи! значи таквите моменти си имаат посебни тежини и никој не ги успорува. проблемот е што не е можно да се измерат која од која е потешка.

инаку новинарите и фановите упорно се трудат да наметнат мислење дека Сена е најдобриот. можеби било така во негово време... но, кога би се тркал денес против Раиконен, Алонсо или Хамилтон можеби и бил најголемиот губитник! затоа не можеме да знаеме...

инаку џереми кларксон и не е некој релевантен, па дури и мартин брандл за да се одреди кој е најдобриот. тоа е медиумска пропаганда.

најдобриот на сите времиња не постои! и пред сена имало најдобри и после него ќе има најдобри... кој е најдобриот од нив е многу тешко да се одговори бидејќи не постои таков критериум за да се одреди.

ако сте во толку сигурни дека постои најдобар, кој е тогаш најдобриот болид на сите времиња?
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2403 на: 17 Септември 2013, 20:52:17 pm »
бил посебен случај во тоа време... но, не и во денешново или времето пред него! што би кажале за Фанџо кој бил киднапиран и пуштен непосредно пред стартот на трка... и успеал да победи! значи таквите моменти си имаат посебни тежини и никој не ги успорува. проблемот е што не е можно да се измерат која од која е потешка.

па ваљда овие возачиве кој викаат „сена е број еден“ чуле и за фанџо, а?

ја не сум некој експерт... ама кога барикело, маса, хакинен, трули, шумахер, култхард, хамилтон, алонсо итн... итн... ќе кажат „сена е човекот“, ваљда знаат боље и од тебе и од мене.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2404 на: 17 Септември 2013, 20:57:07 pm »
времето на фанџо и времето на сена не биле исти... во времето на фанџо гинела и публика за да го гледа како се трка против стирлин мос, аскари и останатите... дали таа публика била „позапалена“ отколку вие? на пример во тоа време да одиш на Ф1 трка можеби и немало да се вратиш назад дома...  :/
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2405 на: 17 Септември 2013, 20:57:54 pm »
времето на фанџо и времето на сена не биле исти..

Да, но за тој факт сигурно се свесни и овие возачиве кои се изјаснија дека сепак Сена.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4077
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2406 на: 17 Септември 2013, 21:01:03 pm »
бил посебен случај во тоа време... но, не и во денешново или времето пред него! што би кажале за Фанџо кој бил киднапиран и пуштен непосредно пред стартот на трка... и успеал да победи! значи таквите моменти си имаат посебни тежини и никој не ги успорува. проблемот е што не е можно да се измерат која од која е потешка.

па ваљда овие возачиве кој викаат „сена е број еден“ чуле и за фанџо, а?

ја не сум некој експерт... ама кога барикело, маса, хакинен, трули, шумахер, култхард, хамилтон, алонсо итн... итн... ќе кажат „сена е човекот“, ваљда знаат боље и од тебе и од мене.

Еден од најдобрите дефинитивно, но најдобар е поради тоа што загина на патеката, па од почит кон мртвите сите викаат дека е најдобар.

Мое мислење е дека најдобрите во својата генерација Фанџо, Мос, Кларк, Лауда, Сена, Шумахер и други се меѓусебно заменливи, односно ако го ставиме Сена или Шуми во болидот на Фанџо повторно ќе бидат најдобри а и обратно.

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2407 на: 17 Септември 2013, 21:06:25 pm »
маса кога кажа дека алонсо е подобар од шумахер многумина рекоа дека не знае што зборува. а ако каже дека сена е најдобриот, тогаш изјавата му е на место... тоа значи дека селективно ги земате работите како ви одговараат, односно ако сте фанови на сена дека делот за сена повеќе ви одговара. ;)

случајот со сена е вид на „уметност“... уметникот црта, се труди... има милион дела... додека е жив се нервира дека не може да преживее, односно не му се исплати работата, па ќе почне да го пали или фрла својот труд.... а откако ќе умре, луѓето ќе почнат да фрлаат енормно многу пари за неговите слики.

прашањето е, зошто цената на неговиот труд драстично пораснала после неговата смрт? така е случајот и со сена, а таков ќе биде и со прост, лауда, шумахер!

пс - џемс хант да не го спомнувам кој има само една титула или жил вилнев со 6 победи во кариерата. што направиле овие да за да им се дава толку големо внимание... се надевам дека сега ќе ми ја разбереш поентата кога вреднувате некого кој немал позначајни резултати, но тоа е сосема во ред. не е тоа погрешно размислување!

ја не сум некој експерт... ама кога барикело, маса, хакинен, трули, шумахер, култхард, хамилтон, алонсо итн... итн... ќе кажат „сена е човекот“, ваљда знаат боље и од тебе и од мене.
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2408 на: 17 Септември 2013, 21:11:43 pm »
да не ме разберете погрешно, сена е еден од најдобрите... исто како прост, лауда, хант, жил вилнев (иако нема титула!!!)

а нешто што ме нервира е што следната година ќе вози некој што уште има „бубуљици“ на лицето за заубер. вредностите за кој треба да вози, а кој не се поместија... за жал на полошо! :(
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3075
  • Слобода или смрт
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2409 на: 18 Септември 2013, 00:23:30 am »
Ефектот на сена низ светот го имавме ние со тоше проески во македонија.
Сетете се кој беше односот кон тоше пред и по неговата смрт аналогно на тоа го добиваме и со сена.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14772
  • Пудингот на шоферството
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2410 на: 18 Септември 2013, 00:26:51 am »
Баш така.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2411 на: 18 Септември 2013, 00:53:50 am »
Ефектот на сена низ светот го имавме ние со тоше проески во македонија.
Сетете се кој беше односот кон тоше пред и по неговата смрт аналогно на тоа го добиваме и со сена.

точно

штета што кубица е баксуз,дечкото возеше феноменално

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2412 на: 18 Септември 2013, 00:57:57 am »
senna во последните негови 3-4 трки губеше од Шумахер, исто ко сега роси што губи од маркез

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2413 на: 18 Септември 2013, 00:59:58 am »
да не ме разберете погрешно, сена е еден од најдобрите... исто како прост, лауда, хант, жил вилнев (иако нема титула!!!)

а нешто што ме нервира е што следната година ќе вози некој што уште има „бубуљици“ на лицето за заубер. вредностите за кој треба да вози, а кој не се поместија... за жал на полошо! :(

за неколку години тој со "бубуљици" ќе им го уништи сонот на повеќето F1 пилоти само ако продолжи со ова темпо , и ако има среќа да добие понуда од некој појак тим .. и Фетел имаше "бубуљици" коа почна да вози F1 .. и еве го резултатот , добар тим , талентиран возач , две години по ред никој нишо не му може , a и третата ја тера убедливо најдобро ..

да не ме сватите погрешно , јас навивам за Алонсо од коа ја освои првата титула со Renault Sport F1 .. ама тоа е реалноста , талентиран пилот + совршен болид = комбинација добитна  :)


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6847
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2414 на: 18 Септември 2013, 01:19:48 am »
Имав еден муштерија во карпош, околу 55 години беше, навиваше за ферари и стално кога ке дојдеше си праевме муабет за формула и слично и он еднаш ми вика вака: -За мене најдобри возачи се Алан Прост и Миахаел Шумахер. Тие не се обични возачи, тие се професори за формула 1.

Според мене, најдобар шофер до сега е Миахел Шумахер.
А фетел е на добар пат и он да влезе во историјата, да го бутне шумахер.