не те разбирам погрешно... се во ред и се сложувам со еден одреден дел... проблемот кај тој со „бубуљиците“ е што татко му во моментов фаќа „врски“ за неговиот син да влезе во Ф1. според правилата, тој не заслужува место меѓу најдобрите пилоти во светот и тоа не дај боже може да испадне погубно, како за него, така и за другите. 
детето едвај има 17 години, средното уште не го завршило, резултатите во послабата категорија му се далеку од задоволителни... и сето ова кога ќе се земе во предвид, некој треба да се запраша колку е безбедно за него и за другите да се најде во Ф1!!!
веќе претходно кажав дека парите си го прават своето... тимските шефови најмногу сакаат да си играат со нив, а публиката има најмало влијание. некој кој не го исполнува просекот не смее да се најде во Ф1... тоа е исто како да му дадете на некој механичар да изврши операција на човек. нема познавања, нема доволна пракса, нема ништо! 
резултатите на Фетел пред да влезе во Ф1 и овие на Сироткин се ден и ноќ разлика. провери ги на нет за двата возачи и самиот ќе ја видиш разликата. од три трки во Формула Рено 3.5, Фетел успеал да победи на една и на друга се нашол на подиум. Сироткин од 13 трки има само еден подиум... епа не е исто!!!
мора да напоменам дека болидите во Формула Рено 3.5 се речиси идентични... затоа тој што е шампион се смета дека навистина ги „истепал“ сите... таму нема шпекулации послаб тим, послаб болид... речиси и не постојат разлики во карактеристиките на болидите. 
за неколку години тој со "бубуљици" ќе им го уништи сонот на повеќето F1 пилоти само ако продолжи со ова темпо , и ако има среќа да добие понуда од некој појак тим .. и Фетел имаше "бубуљици" коа почна да вози F1 .. и еве го резултатот , добар тим , талентиран возач , две години по ред никој нишо не му може , a и третата ја тера убедливо најдобро ..
да не ме сватите погрешно , јас навивам за Алонсо од коа ја освои првата титула со Renault Sport F1 .. ама тоа е реалноста , талентиран пилот + совршен болид = комбинација добитна  