Со оглед на третманот кој го има Вебер од 2011 наваму Ветел не би требало да биде загрижен бидејќи секој нареден колега ќе мора да вози со хендикеп, односно никогаш нема да има еднаков пакет со лажниот трократен шампион.
Да се потсетиме, 2010 Вебер беше возачот кој доминираше во Ред Бул, 4 трки пред крај имаше водство на табелата, после тоа се деси чудо. Одеднаш Ветел почна да победува,3 од 4 трки, односно 3 од вкупно 5 победи ги оствари на последните 4 трки.