Некоја поврзаност со мојот пост
Не си сфатил убаво.
Проста споредба на изјави на двајца возачи,дадени после безмалце трки со идентичен тек,само сменети улоги на возачите.
Целта ми беше да посочам на плачењето на РБ.
Лани кога на почеток на сезона Ферари ги јадеше гумите не почна да се жали,туку почна да го развива болидот во друга насока,и успеа да биде конкурентен од почетокот на европскиот дел на сезоната па до крај. Со тоа што не им беа другите криви,туку јавно си признаа дека ги топат гумите.
Нешто што ова сезона му се случува на Мерцедес,тие беа најбрзи во предсезоната,како и Ферари лани,ама во трка тапа.
Убаво се ситеа тука на форумов,си стојат постовите, Ферари бил тула, бил ова бил она... врати се назад читај.
А за темата дека не е ова тркање имам пишано минимум 5-10 постови,ама кој да чита. Исто така и за моето мислење за Раиконен.
Еве ти еден цитат,уште од почетокот на сезоната
Напомена: Не го кажувам ова како фан на Ферари,или затоа што победи Кими. Имам пишано порано дека од сите активни возачи моментално баш тој најмногу ми лежи на срце.
Мене не ми се допаѓа фактот дека гумите и тактиката околу нив ја играат главната улога,можеби дури и повеќе од минатата година,а помалку способноста на самиот возач,па и болид.
Ф1 треба да претставува возење до лимит и поместување на истиот од круг во круг.Цела трка возење до максимум-од почеток до крај.Не за џабе и самиот Кими рече- Најлесно добиена трка.
Не сакам да гледам трки со "возачи кои знаат да ги чуваат гумите",сакам да гледам трки со возачи кои губат по 2-3 кила за да возат цело време на граници на возможно терајќи го и болидот и себе до макс.
Е сега наместо да се поместуваат времињата и рекордите,се прави циркуз... Сена и остали легенди веројатно би возеле без кациги во денешниов шампионат

. Не се памти било кога да имало варијации во времињата во трка по 10с за еден круг,НИКОГАШ.