Возачот на Force India, Пол ди Реста, мисли дека Фернандо Алонсо ќе ја освои шампионската титула во оваа сезона.
Шкотланѓанецот всушност мисли дека на крајот од оваа сезона Алонсо требало да има четири шампионски титули, двете со Renault во 2005-тата и 2006-тата, и две со Ferrari во 2012-тата и 2013-тата.
“Aлонсо требаше да биде шампион и минатата година. За мене Алонсо е шампионот во сезоната 2012. Од почетокот на оваа година имаше проблеми во Малезија и Бахреин, но Ferrari изгледаат многу силни и мислам дека заслужува да биде шампион.” – изјави Ди Реста.
Позади оваа изјава има долга историја помеѓу Ди Реста и актуелниот трикратен Ф1 шампион, Себастијан Фетел. Ди Реста е за една година постар од Фетел, но Германецот прв доби можност за влез во Формула 1 додека беа тимски колеги во Формула 3 шампионатот. И покрај тоа што Ди Реста го победи Фетел и стана шампион во Ф3, благодарение на поддршката од Red Bull Германецот успеа прв да влезе во Формула 1.
“Хамилтон и Фетел имаа повеќе среќа од мене. Фетел не требаше да влезе во Формула 1 пред мене.”